Насловна линкови контакт мапа
Пазар на трудАнкета на работна сила
English Shqip
Навигација
Насловна
Министер
За министерството
Мисија
Други раководни органи
Сектори
Односи со јавност
Архива
Вести
Документи
Проекти
Медиа Центар
Програма Progress
Декада на Ромите
Меѓународна соработка
Европско партнерство
Соработка со Совет на Европа
Соработка со Меѓународната организација на трудот
Билатерална соработка
Европска Социјална Повелба
Еднакви можности
Родова рамноправност
Заштита и превенција од секаков вид на дискриминација
Директиви
Национален механизам за упатување на жртви на трговија со луѓе
Публикации од областа на еднаквите можности
Пазар на труд
Невработеност
Вработеност
Анкета на работна сила
Социјално партнерство
Плати
Трудова инспекција
Државен испекторат за труд
Акции и активности
Социјална заштита
Услуги и права
Постапка
Институции
Вонинституционална заштита
Социјални реформи
Социјална инспекција
Детска заштита
Права од детска заштита
Детски градинки
Детски одморалишта
Договори за социјално осигурување
Пензиско и инвалидско осигурување
Пензиско и инвалидско осигурување
Пензиски реформи
Боречко-инвалидска заштита
Прописи
Закони
Иницијативи
Правилници
Јавни повици
Вработување во МТСП
Јавни огласи
Спогодби
Контакти

Анкета за работна сила

Анкетата за работна сила претставува истражување на економската активност на населението и обезбедува податоци за големината, структурата и карактеристиките на активното население.

Оттука, анкетата на работна сила претставува еден извор за основните категории на работна сила - вработени, невработени и неактивно население. Анкетата на работна сила дава податоци за структурата на овие категории и за нивните развојни тенденции.  

Анкетата за работна сила во Македонија за првпат е спроведена во 1996. 

 

Вкупно население

Активно население  

 

Стапка на активност  

Стапка на вработеност

Стапка на невработеност

Вкупно

Вработени

Невработени  

2006

1 618 482

 891 679 

570 404

321 274

55.1

35.2

36.0

2007

1 628 635

907 138

590 234

316 905

55.7

36.2

34.9

2007/I

1 624 611

902 588

579 301

323 287

55.6

35.7

35.8 

2008/I

1 635 058

902 512 

600 593

319 919

56.3

36.7

34.8

 

 

 

 

 

Анкетата за работна сила, почнувајќи од 2004 година е континуирана квартална Анкета. Истражувањето се спроведува врз база на примерок од 10000 домаќинства на територијата на целата земја, што изнесува 1.8% од вкупниот број на домаќинства. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, во I квартал од 2008 година, активното население во РМ брои 920 512 лица од кои вработени се 600 593 лице или 65,2%, а 319 919  лица или 34,8% се невработени.

Бројот на вработените лица во I квартал од 2008 година спореден со истиот период од минатата година е зголемен за 3.7%. Во однос на истиот период од 2007 година, бројот на невработените лица бележи намалување од 1,0%.

Стапката на активност во овој период е 56.3%, стапката на невработеност 36.7, додека стапката на невработеност изнесува 34.8.


Основни концепти и дефиниции:

Работоспособно население - го сочинуваат сите лица на возраст од 15 до 80 години.

Економски активно население (Работна сила) - го сочинуваат вработените и невработените лица.

Во согласност со препораките на МОТ (Меѓународната организација на трудот), вработени се лицата на возраст од 15 години и повеќе кои:

  • за време на извештајната недела работеле за пари (во готово или во натура) или профит, најмалку 1 час;
  • за време на извештајната недела привремено (поради болест, отсуство, студии ...) биле отсутни од работното место, но формално;
  • биле вработени;
  • помагале на семејниот имот или семјното претпријатие без плата.


Според економскиот статус, вработените се класифицираат на:

  • работодавци
  • вработени лица
  • вработени за сопствена сметка
  • неплатени семејни работници

Како невработени се сметаат лица кои:

  • за време на извештајната недела не работеле;
  • активно барале работа;
  • биле подготвени да отпочнат работа во неделата на анкетата или наредната недела.

Главни индикатори за следење на промените кај работната сила се:

  • Стапка на активност (работна сила/работоспособно население)
  • Стапка на вработеност (вработени/работоспсобно население)
  • Стапка на невработеност (невработени/ работна сила)


 


 


 

 



 
Copyright(c) 2008 Министерство за труд и социјална политика