Проверка на примената на стручното знаење
Комисијата за лиценцирање на директори на установи за деца, стручни работници, стручни соработници, воспитувачи и негуватели во системот на згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст ги информира директорите, стручните работници, стручните соработници, воспитувачи и негуватели заинтересирани за стекнување на соодветна лиценца, дека испитите за стекнување на соодветна лиценца ќе се полагаат во електронска форма.
Доколку кандидатот го зборува јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија, на негово барање ќе му се овозможи испитот да го полага и на јазикот кој го зборува и неговото писмо.
*****
Доколку некој од кандидатите не е во можност да присуствува на полагањето, Ве молиме навремено да се јавите на тел: 02/3 106 655 или преку e-mail: gradinki.licenci@mtsp.gov.mk.
Полагањето ќе се одржи во просториите на МРТВ на 10 кат на улица Бул. Гоце Делчев бб, 1000 Скопје.