Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Регистар на права и услуги од социјална заштита

Листа на регистри на права и услуги од социјална заштита:

 

Вид на услуга/право Гарантирана минимална помош
Законска основа за остварување на услугата/правото

Член 28 од Законот за социјалната заштита (Закон за социјалната заштита (104/19, 146/19,275/19,302/20,311/20,163/21,294/21, 99/22, 236/22), Правилник за начинот на остварување на правото на гарантирана минимална помош, утврдување на  состојбата на приходите, имотот и имотните права на домаќинството, определувањето на  носителот  на  правото, образецот на барањето и потребната документација (109/19, 192/20, 23/21, 80/21, 240/21)   

Потребни документи за остварување на правото/услугата

1.Важечка лична карта на граѓанинот на Република Северна Македонија, лична карта за постојан престој на странец, лична карта за признат бегалец или лична карта за лице под супсидијарна заштита, која се доставува само на увид за докажување на идентитетот и државјанството;

2. Извод од матичната книга на родените;

3. Извод од матичната книга на венчаните;

4. Извод од матичната книга на умрените;

5. Пресуда за развод на брак;

6. Уверение за остварени годишни приходи;

7. Имотен лист;

8. Потврда дека не поседува имот;

9. Потврда за остварени доход од работа во Република Северна Македонија или странство;

10. Потврда за корисник на пензија остварена во Република Северна Македонија или странство;

11. Пресуда за определена законска издршка;

12. Потврда за поседување регистрирано моторно возило (патничко моторно возило, мотор над 50 cм3, комбе, автобус, камион, комбајн и трактор);

13. Потврда за редовен студент;

14. Договор за изршување на работи во врска со спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија;

15. Договор за давање на земјоделско земјиште на плодоуживање сопственост на Република Северна Македонија;

16. Наод, оцена и мислење од стручна комисија за утврдена неспособност за работа или потврда дека е започната постапка за утврдување на неспособност за работа;

17. Потврда од банка за штеден влог;18. потврда за хартии од вредност од Централен депозитар за хартии од вредност;

19. Потврда од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија за исплата на паричен надоместок по основ на невработеност;

20. Потврда за исплата на воена инвалиднина;

21. Потврда за исплата на цивилна инвалиднина;

22. Потврда за надоместок кој произлегува од активности поврзани со безбедноста и одбраната на Република Северна Македонија;

23. Тужба за законска издршка против близок сродник кој по закон е должен да го издржува, односно полномошно на службено лице во центар за социјална работа за поведување на оваа постапка.

Документите од точките 2, 3, 4, 6, 7, 8, 9, 10, 12, 16, 18, 19 и 21 на овој член, центарот ги прибавува по службена должност по пат на размена на податоците по електронски пат со надлежните институции или во писмена форма, по претходно дадената писмена согласност на подносителот и другите членови на домаќинството за користење на нивните лични податоци во постапката за остварување и користење на правото на гарантирана минимална помош и писмена согласност да бидат откриени нивните податоци за депозитите во сите банки и штедилници во Република Северна Македонија.

Документите од точките 1, 5, 11, 13, 14, 15, 17, 20, 22 и 23 на овој член ги прибавуваат подносителот и другите членови на домаќинството при поднесување на барањето и во текот на користење на правото на гарантирана минимална помош.

Обрасци   
Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)

Меснонадлежен центар за социјална работа

Законски рок за постапување

60 дена

Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)

Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен

Одговорен 

Меснонадлежен центар за социјална работа

Такса која се наплатува /
Повеќе информации на следниот линк https://social-policy-demography-and-youth.unlimitedcoderss.com/mk-MK/socijalna-i-detska-zastita/registar-na-prava-i-uslugi-od-oblasta-na-socijalnata-zastita

 

Вид на услуга/право Право на надоместок заради попреченост
Законска основа за остварување на услугата/правото

Правилник за начинот на остварување на правото на надоместок заради попреченост, потребната документација, составот на првостепената и второстепената комисија, формата и содржината на конзилијарното мислење, како и надоместокот за издавање на конзилијарното мислење (Сл.весник, бр.111/2029, 162/2019)

Потребни документи за остварување на правото/услугата

1. важечка лична карта на граѓанинот на Република Северна Македонија, лична карта за постојан престој на странец, лична карта за признат бегалец или лична карта за лице под супсидијарна заштита, која се доставува само на увид за докажување на идентитетот и државјанството;

2. конзилијарно мислење и наод од најмалку тројца лекари специјалисти од соодветните специјалности или траен наод наод, оцена и мислење за видот и степенот на попреченост и

3. трансакциска сметка на подносителот на барањето.

Обрасци 

Барање, Изјава

Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)

по барање во ЦСР, по жалба во МТСП

Законски рок за постапување

по барање 30 дена, по жалба 60 дена

Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)

жалба се поднесува во архивата на МТСП, преку ЦСР или електронски

Одговорен 

Меснонадлежен центар за социјална работа; Сектор за социјална заштита

Такса која се наплатува /
Повеќе информации на следниот линк https://social-policy-demography-and-youth.unlimitedcoderss.com/mk-MK/socijalna-i-detska-zastita/prava-na-paricna-pomos-od-socijalna-zastita
Вид на услуга/право Право на надоместок за помош и нега од друго лице
Законска основа за остварување на услугата/правото

Закон за социјалната заштита ("Службен весник на РСМ", бр.104/2019, 146/2019, 275/2019, 163/2021 ,294/2021, 99/2022 и 236/2022) Правилник за начинот на остварување на правото на надоместок за помош и нега од друго лице, образецот на барањето и потребната документација,образецот за дадено мислење од матичниот лекар за потребата од помош и нега од друго лице, начинот на работа на Стручната комисија,составот и начинот на работата на второстепената комисија, начинот на водење евиденција за издадените наоди и формата и содржината на образецот за давање наод, оцена и мислење за потребата од помош и нега од друго лице (Сл. весник, бр. 126/2019, 192/2020)

Потребни документи за остварување на правото/услугата

1. Важечка лична карта за државјанин на Република Северна Македонија, дозвола за постојан престој на странецот, важечка лична карта за лице барател на право на азил, лице со статус на признаен бегалец и лице под супсидијарна заштита, се доставува само на увид за докажување на идентитетот и државјанството;

2. Мислење од матичен лекар за потребата од помош и нега од друго лице со Бартелов индекс и

3. Отпусно писмо со специјалистички извештај и/или друга медицинска документација

Обрасци 

Барање, Изјава

Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)

по барање во ЦСР, по жалба во МТСП

Законски рок за постапување

по барање 30 дена, по жалба 60 дена

Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)

жалба се поднесува во архивата на МТСП, преку ЦСР или електронски

Одговорен 

Меснонадлежен центар за социјална работа; Сектор за социјална заштита

Такса која се наплатува /
Повеќе информации на следниот линк https://social-policy-demography-and-youth.unlimitedcoderss.com/mk-MK/socijalna-i-detska-zastita/prava-na-paricna-pomos-od-socijalna-zastita
Вид на услуга/право

Надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со попреченост и најтешки облици на хронични заболувања

 

Законска основа за остварување на услугата/правото

Правилник за начинот на остварување на правото на надоместок на плата за скратено работно време, образецот на барањето и потребната документација за остварување на правото (Сл. весник, бр. 109/2019)

Потребни документи за остварување на правото/услугата

1. извод од матичната книга на родените за лицето кое што бара да го оствари ова право;

2. извод од матичната книга на родените на детето;

3. решение од работодавачот за користење на правото на скратено работно време согласно закон и

4. решение за заснован работен однос на определено или неопределено работно време на двата родитела, самохран родител или старател.

Потребната документација точките 1 и 2 Центарот за социјална работа ја прибавува по службена должност по пат на размена на податоците по електронски пат со надлежните институции или во писмена форма, по дадената писмена согласност на подносителот на барањето за користење на неговите лични податоци во постапката за остварување на правото на надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со попреченост и најтешки облици на хронични заболувања.

Потребната документација од став 1 точките 3 и 4 на овој член ја доставува подносителот на барањето за остварување на правото на надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со попреченост и најтешки облици на хронични заболувања.

Обрасци 

Барање, Изјава

Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)

по барање во ЦСР, по жалба во МТСП

Законски рок за постапување

по барање 30 дена, по жалба 60 дена

Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)

жалба се поднесува во архивата на МТСП, преку ЦСР или електронски

Одговорен 

Меснонадлежен центар за социјална работа; Сектор за социјална заштита

Такса која се наплатува /
Повеќе информации на следниот линк https://social-policy-demography-and-youth.unlimitedcoderss.com/mk-MK/socijalna-i-detska-zastita/prava-na-paricna-pomos-od-socijalna-zastita

Вид на услуга/право

Додаток за домување

Законска основа за остварување на услугата/правото

Член 57 од Законот за социјалната заштита (Закон за социјалната заштита 104/19, 146/19, 275/19, 302/20, 311/20, 163/21, 294/21, 99/22, 236/22), Правилник за начинот на остварување на правото на додаток за домување за лице кое до 18-годишна возраст имало статус на дете без родители и без родителска грижа, односно и по престанување на старателството, а најмногу до 26-годишна возраст, образецот на барањето и потребната документација, (109/19) 

Правото на додаток за домување се остварува на начин што ќе овозможи:

- закупнина на индивидуален станбен објект или негов дел;

- санација, адаптација и реконструкција на сопствен недвижен имот и

- надомест на трошоци за сместување во студентски дом. 

За остварување на правото на додаток за домување, потребно е лицето:

- претходно да остварило право на сместување во установа за вон-семејна социјална заштита или згрижувачко семејство;

- да е материјално необезбедено и

- да е станбено необезбедено.

Потребни документи за остварување на правото/услугата

- доказ дека не користи стан под закуп во сопственост на Република Северна Македонија;

- важечка лична карта или патна исправа, која се доставува на увид заради докажување на идентитетот и државјанството;

- уверение за остварени приходи од Управата за јавни приходи;

- имотен лист;

- потврда дека не поседува недвижен имот;

- изјава заверена кај нотар, дека не поседува стан или друг недвижен имот, односно дека не отуѓил ваков имот и дека на друг начин не може да го оствари правото на домување;

- доказ дека е поведена постапка за распределба на оставина на оставител, на кој може да се јави како наследник согласно со закон или дека во текот на постапката не се прифатил за наследник;

- документ за исплатена плата, пензија или друго редовно примање во последните три месеци;

- извод од матична книга на родени и венчани;

- потврда за редовно школување;

- договор за сместување во студентски дом и

- договор за закуп.

Документите од став 2 алинеите 1, 3, 4, 5, 8 и 9 на овој член, центарот за социјална работа ги прибавува по службена должност, по пат на размена на податоците по електронски пат со надлежните институции или во писмена форма, по дадената писмена согласност на подносителот на барањето за користење на неговите лични податоци во постапката за остварување на правото на додаток за домување за лице кое до 18-годишна возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, односно и по престанување на старателството, а најмногу до 26-годишна возраст. Документите од став 1 алинеи 2, 6, 7, 10, 11 и 12 на овој член, ги прибавува подносителот на барањето

Обрасци 

Барање за остварување на правото додаток за домување

Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)

Меснонадлежен центар за социјална работа

Законски рок за постапување

60 дена

Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)

Министерство за труд и социјална политика

Одговорен 

Меснонадлежен центар за социјална работа

Такса која се наплатува

/

Повеќе информации на следниот линк

https://social-policy-demography-and-youth.unlimitedcoderss.com/mk-MK/socijalna-i-detska-zastita/prava-na-paricna-pomos-od-socijalna-zastita
Вид на услуга/право Право на траен надоместок
Законска основа за остварување на услугата/правото

Правилник за начинот на остварување на правото на трајниот надоместок за згрижувач, образецот на барањето и потребната документација за остварување на ова право (Сл.весник, бр.109/2019) и Правилник за начинот на остварување на правото на парична помош на родител кој има дете со пореченост, образецот на барањето и потребната документација за остварување на ова право (Сл. весник, бр.109/2019)

Потребни документи за остварување на правото/услугата

Право на траен надоместок за згрижувач има згрижувач кој згрижувал лице во своето семејство најмалку петнаесет години, по наполнување на 62 години на живот за жена, односно 64 години на живот за маж, кој е невработен и не користи право на пензија по која било основа.

Потребни документи:

1. Важечка лична карта или патна исправа која се доставува на увид;

2. Извод од матична книга на родените за згрижувачот;

3. Потврда од надлежен центар за социјална работа за периодот на згрижување на лице или дете без родители и родителска грижа;

4. Потврда од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, за статус на невработено лице за згрижувачот и

5. Потврда од Фондот на пензискoто и инвалидското осигурување на Северна Македонија дека згрижувачот по наполнување на 62 години на живот за жена, односно 64 години на живот за маж, не користи пензија.

Потребната документација од точките 2, 3, 4 и 5 центарот за социјална работа ја прибавува по службена должност по пат на размена на податоците по електронски пат со надлежните институции или во писмена форма, по дадената писмена согласност на подносителот за користење на неговите лични податоци во постапката за остварување на правото на траен надоместок за згрижувач.

Правото на траен надоместок го остварува родител кој се грижел за детето до неговата 26 годишна возраст, без истото да користи услуга на вон-семејна социјална заштита, кој е невработен и не користи право на пензија, по наполнување на 60 години на живот за жена, односно 62 години на живот за маж.

Потребни документи:

1. Важечка лична карта на граѓанинот на Република Северна Македонија, лична карта за постојан престој на странец, лична карта за признат бегалец или лична карта за лице под супсидијарна заштита, која се доставува само на увид за докажување на идентитетот и државјанството;

2. Извод од матична книга на родените за родителот;

3. Извод од матична книга на родените за детето;

4. Извод од матична книга на венчаните;

5. Потврда од надлежен суд дека на родителот не му е одземено родителското право над детето;

6. Потврда од Агенцијата за вработување на Северна Македонија, за статус на невработено лице за родителот;

7. Потврда од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија дека родителот, по наполнување на 60 години на живот за жена односно 62 години на живот за маж, не користи право на пензија и

8. Наод, оцена и мислење на стручен орган за видот и степенот на попреченост (решение од надлежен центар за социјална работа за видот и степенот на попреченост во менталниот и телесниот развој).

Документите од точки 2, 3, 4, 5, 6 и 7 на овој член, центарот за социјална работа ги прибавува по службена должност по пат на размена на податоците по електронски пат со надлежните институции или во писмена форма, по претходно дадената писмена согласност на подносителот за користење на неговите лични податоци во постапката за остварување и користење на правото на траен надоместок на родител кој што има дете со попреченост. Писмената согласност на подносителот за користење на неговите лични податоци вo постапката за остварување на правото.

Обрасци 

Барање, Изјава

Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)

по барање во ЦСР, по жалба во МТСП

Законски рок за постапување

по барање 30 дена, по жалба 60 дена

Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)

жалба се поднесува во архивата на МТСП, преку ЦСР или електронски

Одговорен 

Меснонадлежен центар за социјална работа; Сектор за социјална заштита

Такса која се наплатува /
Повеќе информации на следниот линк https://social-policy-demography-and-youth.unlimitedcoderss.com/mk-MK/socijalna-i-detska-zastita/prava-na-paricna-pomos-od-socijalna-zastita

Вид на услуга/право

Еднократна парична помош

Законска основа за остварување на услугата/правото

Член 61-65 од Законот за социјалната заштита (Закон за социјалната заштита 104/19, 146/19, 275/19, 302/20, 311/20, 163/21, 294/21, 99/22, 236/22), Правилник за начинот на остварување на правото на еднократна парична помош, образецот на барањето и потребната документација за остварување на ова право (109/19, 192/20, 240/21)

Потребни документи за остварување на правото/услугата

1. важечка лична карта за државјани на Република Северна Македонија, дозвола за постојан престој на странец, лична карта за признат бегалец или лична карта за лице под супсидијарна заштита, идентификациони исправа за неевидентирани лица во матичната книга на родени, се доставува само на увид за докажување на идентитетот и државјанството, или поднесено барање за признавање право на азил,

2. извод од матична книга на родените; извод од посебна матична книга на родени (за неевидентриани лица во матична книга на родени)

3. извод од матична книга на венчаните, доколку има склучено брачна заедница;

4. извод од матична книга на умрените или извод од посебна матична книга на умрени за починат член на семејството;

5. потврда за примена нето плата во последните три месеци пред поднесување на барањето;

6. потврда за остварена пензија, за пензионери;

7. потврда од Агенција за вработување на Република Северна Македонија, за невработени членови во семејството;

8. уверение за пријавени или остварени приходи од Управата за јавни приходи;

9.копија на трансакциска сметка.

Документите од точките 2, 3, 4, 5, 6, 7 и 8, од страна на центарот за социјална работа се прибавуваат по службена должност по пат на размена на податоците по електронски пат со надлежните институции или во писмена форма, по претходно дадената писмена согласност на подносителот/корисникот за користење на неговите лични податоци во постапката за остварување и користење на правото на еднократна парична помош.

 

Обрасци 

Барање, Изјава

Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)

Меснонадлежен центар за социјална работа По исклучок во итни и неодложни случаи министерот може да донесе решение за доделување еднократна парична помош, во тој случај барањето се поднесува во МТСП

Законски рок за постапување

по барање 30 дена, по жалба 60 дена

Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)

Министерство за труд и социјална политика во втор степен Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен (доколку по барањето одлучува Министер)

Одговорен 

Меснонадлежен центар за социјална работа Министерство за труд и социјална политика- Сектор за социјална заштита

Такса која се наплатува

/

Повеќе информации на следниот линк

https://social-policy-demography-and-youth.unlimitedcoderss.com/mk-MK/socijalna-i-detska-zastita/prava-na-paricna-pomos-od-socijalna-zastita

Вид на услуга/право

Згрижувачко семејство 

Законска основа за остварување на услугата/правото

Член 122 од Законот за социјалната заштита („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.104/19, 146/19, 275/19, 302/20, 311/20,163/21, 99/22,236/22 и 65/23), Правилник за поблиските критериуми за избор на згрижувачко семејство, видот и бројот на корисниците кои можат да се сместат во едно згрижувачко семејство, стандардите за давање на улогата згрижување, нормативите и стандардите за давање на услугата згрижување, нормативите и стандардите за вршење на дејноста на центарот за поддршка на згрижувачки семејства, за простор, средства, кадри и начинот на водење на евиденција и потребната документација за згрижувачките семејства (“Службен Весник на РСМ”, бр.288/20)     

Потребни документи за остварување на правото/услугата

Лична потребна документација за носителот на згрижувачкото семејство е:

  • извод родени/венчани/умрени(копија),
  • лична карта на увид,
  • доказ за здравствена состојба (копија),
  • доказ за материјална состојба на семејството (копија),
  • доказ за имот и имотна состојба (копија),
  • уверение за неосудуваност,
  • уверение дека не му е одземена деловна способност и
  • уверение дека не му е одземено родителското право.

Обрасци 

 

Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)

Меснонадлежен центар за социјална работа

Законски рок за постапување

60 дена

Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)

Министерство за социјална политика, демографија и млади

Одговорен 

Меснонадлежен центар за социјална работа

Центар за поддршка на згрижувачки семејства -Скопје

Центар за поддршка на згрижувачки семејства -Битола

Центар за поддршка на згрижувачки семејства “СОС Детско село”- Скопје

Такса која се наплатува

/

Повеќе информации на следниот линк

https://social-policy-demography-and-youth.unlimitedcoderss.com/mk-MK/socijalna-i-detska-zastita/smestuvanje-vo-zgrizuvacko-semejstvo

ПРАВИЛНИК ЗА ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА ЗГРИЖУВАЧКО СЕМЕЈСТВО, ВИДОТ И БРОЈОТ НА КОРИСНИЦИТЕ КОИ МОЖАТ ДА СЕ СМЕСТАТ ВО ЕДНО ЗГРИЖУВАЧКО СЕМЕЈСТВО, СТАНДАРДИТЕ ЗА ДАВАЊЕ НА УСЛУГАТА ЗГРИЖУВАЊЕ, НОРМАТИВИТЕ И СТАНДАРДИТЕ ЗА ВРШЕЊЕ НА ДЕЈНОСТА НА ЦЕНТАРОТ ЗА ПОДДРШКА НА ЗГРИЖУВАЧКИ СЕМЕЈСТВА, ЗА ПРОСТОР, СРЕДСТВА, КАДРИ И НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕ НА ЕВИДЕНЦИЈА И ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ЗГРИЖУВАЧКИТЕ СЕМЕЈСТВА

 

Вид на услуга/право

Барање за посвојување

Законска основа за остварување на услугата/правото

Член 104 од Законот за семејството (,,Службен весник на Република Македонија,, бр. 80/92, 9/96, 38/04, 33/06, 84/08, 67/10, 156/10, 39/12, 44/12, 38/14, 115/14, 104/15, 150/15 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија,, бр.53/21 и 199/23), Правилник за поблиските критериуми и начинот на избор на посвоителот по електронски пат (,,Службен весник на Република Македонија,, бр. 60/12)

Потребни документи за остварување на правото/услугата

Лицето кое сака да посвои дете, поднесува барање до Комисијата за засновање на повојување при Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Кон барањето се приложуваат следниве документи:

• Извод од Матичната книга на родените, кој го прибавува Комисијата по службена должност;

• Уверение за државјанство кој го прибавува Комисијата по службена должност;

• Уверение од суд за неосудуваност кој го прибавува Комисијата по службена должност;

• Уверение од суд дека не му е одземено вршењето на родителското право;

 • Уверение од суд дека не му е одземена деловната способност;

• Лекарско уверение на подносителот за здравствената и психофизичката способност да биде родител;

 • Потврда за висината на месечните примања;

 • Уверение од Управата за јавни приходи за материјалната состојба кој го прибавува Комисијата по службена должност;

• Доказ за сопственост на стан, куќа и викендичка;

• Доказ за завршено образование и

• Извод од Матичната книга на венчаните, кога како подносители на барањето се јавуваат брачни другари кој го прибавува Комисијата по службена должност;

Кога подносителот на барањето е лице кое е странски државјанин или е македонски државјанин кој живее и работи во странство, покрај горенаведените документи, кои треба да бидат доставени во оригинал или фотокопија заверена на нотар и судски заверен превод на документите на македонски јазик, треба да достави и:

 • извадоци од законот на земјата на посвоителите што се однесуваат на посвојувањето и други информации и докази за да се обезбедат еднакви или подобри услови за живот и развој на детето и

 • Извештај од соодветна социјална служба за способноста, за подобноста и за мотивите за посвојување, за нивното потекло, за семејната и медицинската историја, за социјалната околина, за причините за посвојување, за можноста за спроведување на меѓународно посвојување, како и за карактеристиките на децата за кои би биле во можност да се грижат.

 Документите не треба да бидат постари од една година и се поднесуваат во оригинал или фотокопија заверена на нотар

Обрасци 

 

Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)

Комисија за засновање на посвојување и меснонадлежен центар за социјална работа

Законски рок за постапување

 

Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)

Државна комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен

Одговорен 

Комисија за засновање на посвојување и меснонадлежен центар за социјална работа

Такса која се наплатува

/

Повеќе информации на следниот линк

https://social-policy-demography-and-youth.unlimitedcoderss.com/mk-MK/socijalna-i-detska-zastita/posvojuvanje-na-dete

Вид на услуга/право

Услуга на вон семејна заштита-живеење со поддршка

Законска основа за остварување на услугата/правото

Член 87 од Законот за социјалната заштита (Закон за социјалната заштита 104/19, 146/19, 275/19, 302/20, 311/20, 163/21, 294/21, 99/22, 236/22), Правилник за начинот  и обемот на социјалните услуги, нормативите и стандардите за давање на социјалните услуги живеење со поддршка  (264/19 и 34/23)   

Потребни документи за остварување на правото/услугата

1.Барање

2. Важечка лична карта за државјанин на Република Северна Македонија, дозвола за постојан престој на странецот, како и за брачен другар, родители, децаи/ или други роднини со кои живее во заедничко домаќинство

3. наод и мислење за видот и степенот на попреченоста за барателот

4. изјава дадена пред нотар ,или пред службено лице во центарот дека нема склучено договор за доживотна издршка, односно покренало постапка за раскинување нас клучен договор за доживотна издршка

Обрасци 

Индекс Кац

Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)

Меснонадлежен центар за социјална работа

Законски рок за постапување

60 дена

Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)

Министерството за труд и социјална политика

Одговорен 

Меснонадлежен центар за социјална работа

Такса која се наплатува

/

Повеќе информации на следниот линк

https://social-policy-demography-and-youth.unlimitedcoderss.com/mk-MK/socijalna-i-detska-zastita/socijalni-uslugi-koi-se-obezbeduvaat-preku-sistemot-na-socijalnata-zastita

Вид на услуга/право

Помош и нега во домот

Законска основа за остварување на услугата/правото

Член 75 од Законот за социјалната заштита (Закон за социјалната заштита 104/19, 146/19, 275/19, 302/20, 311/20, 163/21, 294/21, 99/22, 236/22), Правилник за начинот и обемот на социјалните услуги, нормативите и стандардите за давање на социјалните услуги, помош и нега во домот (268/19 и 198/21)  

Потребни документи за остварување на правото/услугата

1.Барање

2. Важечка лична карта за државјанин на Република Северна Македонија, дозвола за постојан престој на странецот, како и за брачен другар, родители, децаи/ или други роднини со кои живее во заедничко домаќинство

3.мислење од матичен лекар за потребата од помош и нега при остварување на основни активности во домот со пополнет образец „Индекс Кац на независност во остварување на активностите од секојдневниот живот

4.отпусно писмо со специјалистички извештај и/или друга медицинска документација и/или наод и мислење за видот и степенот на попреченоста за барателот и неговиот брачен другар, родителите, децата и/или други роднини со кои живее во заедничко домаќинство;

5.изјава дадена пред нотар, или пред службено лице во Центарот дека нема склучено договор за доживотна издршка, односно покренало постапка за раскинување на склучен договор за доживотна издршка.

Обрасци 

Индекс Кац

Скала Лотон Броди

Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)

Меснонадлежен центар за социјална работа

Законски рок за постапување

60 дена

Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)

Министерството за труд и социјална политика

Одговорен 

Меснонадлежен центар за социјална работа

Такса која се наплатува

/

Повеќе информации на следниот линк

https://social-policy-demography-and-youth.unlimitedcoderss.com/mk-MK/socijalna-i-detska-zastita/socijalni-uslugi-koi-se-obezbeduvaat-preku-sistemot-na-socijalnata-zastita

Вид на услуга/право

Лична асистенција

Законска основа за остварување на услугата/правото

Член 76 од Законот за социјалната заштита (Закон за социјалната заштита 104/19, 146/19, 275/19, 302/20, 311/20, 163/21, 294/21, 99/22, 236/22), Правилник за начинот и обемот на социјалните услуги, нормативите и стандардите за давање на социјалните услуги лична асистенција (264/19)  

Потребни документи за остварување на правото/услугата

1.Барање

Обрасци 

Индекс Кац

Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)

Меснонадлежен центар за социјална работа

Законски рок за постапување

60 дена

Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)

Министерството за труд и социјална политика

Одговорен 

Меснонадлежен центар за социјална работа

Такса која се наплатува

/

Повеќе информации на следниот линк

https://social-policy-demography-and-youth.unlimitedcoderss.com/mk-MK/socijalna-i-detska-zastita/socijalni-uslugi-koi-se-obezbeduvaat-preku-sistemot-na-socijalnata-zastita

Вид на услуга/право

Психо-социјална поддршка за жртви на семејно насилство

Законска основа за остварување на услугата/правото

Закон за социјална заштита, Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство

Потребни документи за остварување на правото/услугата

пријава/согласност

Обрасци 

/

Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)

Центар за социјална работа / советувалиште за жртви на семејно насилство

Законски рок за постапување

/

Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)

Министерството за труд и социјална политика (ул. Даме Груев број 14, Скопје)

Одговорен 

/

Такса која се наплатува

/

Повеќе информации на следниот линк

https://social-policy-demography-and-youth.unlimitedcoderss.com/mk-MK/socijalna-i-detska-zastita/specijalizirani-uslugi-za-zrtvi-na-semejno-nasilstvo;

https://social-policy-demography-and-youth.unlimitedcoderss.com/mk-MK/socijalna-i-detska-zastita/socijalni-uslugi-koi-se-obezbeduvaat-preku-sistemot-na-socijalnata-zastita

Вид на услуга/право

Психо-социјален третман на сторители на семејно насилство

Законска основа за остварување на услугата/правото

Закон за социјална заштита, Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство

Потребни документи за остварување на правото/услугата

/

Обрасци 

/

Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)

Центар за социјална работа / советувалиште за сторители на семејно насилство

Законски рок за постапување

/

Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)

Министерството за труд и социјална политика (ул. Даме Груев број 14, Скопје)

Одговорен 

/

Такса која се наплатува

/

Повеќе информации на следниот линк

https://social-policy-demography-and-youth.unlimitedcoderss.com/mk-MK/socijalna-i-detska-zastita/socijalni-uslugi-koi-se-obezbeduvaat-preku-sistemot-na-socijalnata-zastita

https://social-policy-demography-and-youth.unlimitedcoderss.com/mk-MK/socijalna-i-detska-zastita/prava-i-uslugi

 

Вид на услуга/право

Сместување во центар за привремен престој на жртви на семејно насилство

Законска основа за остварување на услугата/правото

Закон за социјална заштита, Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство

Потребни документи за остварување на правото/услугата

пријава/согласност

Обрасци 

/

Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)

Центар за социјална работа / Центар за жртви на семејно насилство

Законски рок за постапување

/

Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)

Министерството за труд и социјална политика (ул. Даме Груев број 14, Скопје)

Одговорен 

/

Такса која се наплатува

/

Повеќе информации на следниот линк

https://social-policy-demography-and-youth.unlimitedcoderss.com/mk-MK/socijalna-i-detska-zastita/specijalizirani-uslugi-za-zrtvi-na-semejno-nasilstvo

Вид на услуга/право Сместување во установа за третман и рехабилитација на лица кои имаат проблем со зависности
Законска основа за остварување на услугата/правото

Закон за социјална заштита

Потребни документи за остварување на правото/услугата

Барање/согласност

Обрасци 

/

Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)

Центар за социјална работа / терапевтска заедница

Законски рок за постапување

/

Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)

Министерството за труд и социјална политика (ул. Даме Груев број 14, Скопје)

Одговорен 

/

Такса која се наплатува

/

Повеќе информации на следниот линк https://social-policy-demography-and-youth.unlimitedcoderss.com/mk-MK/socijalna-i-detska-zastita/socijalni-uslugi-koi-se-obezbeduvaat-preku-sistemot-na-socijalnata-zastita

Вид на услуга/право

Сместување на деца во судир со законот на возраст од 14 до 18 години со изречена мерка упатување во воспитна установа

Законска основа за остварување на услугата/правото

Закон за социјална заштита, Закон за правда на деца

Потребни документи за остварување на правото/услугата

пријава

Обрасци 

/

Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)

Центар за социјална работа/ ЈУ за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение во Скопје

Законски рок за постапување

/

Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)

Министерството за труд и социјална политика (ул. Даме Груев број 14, Скопје)

Одговорен 

/

Такса која се наплатува

/

Повеќе информации на следниот линк

https://social-policy-demography-and-youth.unlimitedcoderss.com/mk-MK/socijalna-i-detska-zastita/socijalni-uslugi-koi-se-obezbeduvaat-preku-sistemot-na-socijalnata-zastita

Вид на услуга/право

Сместување на деца во ризик во установа за социјална заштита

Законска основа за остварување на услугата/правото

Закон за социјална заштита, Закон за правда на деца

Потребни документи за остварување на правото/услугата

пријава

Обрасци 

/

Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)

Центар за социјална работа/мал групен дом за деца со воспитно социјални проблеми

Законски рок за постапување

/

Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)

Министерството за труд и социјална политика (ул. Даме Груев број 14, Скопје)

Одговорен 

/

Такса која се наплатува

/

Повеќе информации на следниот линк

https://social-policy-demography-and-youth.unlimitedcoderss.com/mk-MK/socijalna-i-detska-zastita/socijalni-uslugi-koi-se-obezbeduvaat-preku-sistemot-na-socijalnata-zastita

Вид на услуга/право

Привремен престој во центар за лица бездомници

Законска основа за остварување на услугата/правото

Закон за социјална заштита

Потребни документи за остварување на правото/услугата

пријава/согласност

Обрасци 

/

Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)

центар за социјална работа / центар за бездомници

Законски рок за постапување

/

Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)

Министерството за труд и социјална политика (ул. Даме Груев број 14, Скопје)

Одговорен 

/

Такса која се наплатува

/

Повеќе информации на следниот линк

https://social-policy-demography-and-youth.unlimitedcoderss.com/mk-MK/socijalna-i-detska-zastita/socijalni-uslugi-koi-se-obezbeduvaat-preku-sistemot-na-socijalnata-zastita

Вид на услуга/право

Дневен престој во дневен центар за деца на улица

Законска основа за остварување на услугата/правото

Закон за социјална заштита

Потребни документи за остварување на правото/услугата

пријава/ согласност од родител

Обрасци 

/

Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)

Центар за социјална работа / дневен центар за деца на улица

Законски рок за постапување

/

Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)

Министерството за труд и социјална политика (ул. Даме Груев број 14, Скопје)

Одговорен 

/

Такса која се наплатува

/

Повеќе информации на следниот линк

https://social-policy-demography-and-youth.unlimitedcoderss.com/mk-MK/socijalna-i-detska-zastita/socijalni-uslugi-koi-se-obezbeduvaat-preku-sistemot-na-socijalnata-zastita

Вид на услуга/право

Согласност за волонтирање на странско лице

Законска основа за остварување на услугата/правото

Член 8 од ЗАКОН ЗА ВОЛОНТЕРСТВО (Сл. Весник на РМ” бр. 85/07 и 161/08)

Потребни документи за остварување на правото/услугата

  1. Барање

  2. договор за волонтирање;

  3. програма за волонтирање;

  4. документ, со кој се докажува идентитетот на странецот;

  5. изјава дека не е казнуван за прекршок;

  6. копија од упис во Централниот регистар на Република Македонија, односно надлежниот основен суд на организаторот на волонтерската работа

  7. висината и начинот на покривање на патните трошоците и трошоците за престој на волонтерот.

Обрасци 

 

Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)

Министерство за труд и социјална политика

Законски рок за постапување

60 дена

Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)

Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен

Одговорен 

Министерство за труд и социјална политика

Такса која се наплатува

/

Повеќе информации на следниот линк

https://uslugi.gov.mk/service/soglasnost-za-volontiranje-na-stransko-lice-5051

Вид на услуга/право

Потврда за ослободување од плаќање на увозни давачки

Законска основа за остварување на услугата/правото

Член 195 од Царински закон („Службен весник на Република Македонија“ бр.39/2005; 4/2008; 48/2010; 158/2010; 44/2011; 53/2011, 11/2012, 171/12, 187/2013, 15/2015, 129/2015, 154/2015, 192/2015, 23/2016, 144/2018 и 110/2021)  и Уредба за поблиските критериуми и начинот на спроведување на ослободувањето од плаќање на увозни давачки, како и вредноста, количината и видот или намената на стоката која може да се ослободи  од  плаќање на увозни давачки 

Потребни документи за остварување на правото/услугата

1. Барање

2. ИЗЈАВА со која се изјавува дека стоката има хуманитарен карактер и дека истата се подарува – не се препродава односно отуѓува и за кого е наменета (кој е краен корисник на стоката)

3. СПЕЦИФИКАЦИЈА во која задолжително треба да биде наведено,  видот, количината и вредноста на стоката

4. СЕРТИФИКАТ ОД ДОНАТОРОТ кој ја поклонува стоката.

5. УПИС ВО ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР  дека организацијата е регистрирана во Република Македонија за вршење на хуманитарни цели

6. Во рок од 90 дена по добивањето на потврдата за ослободување на царина, подносителот на ова барање до Министерството за труд и социјална политика треба да достават документација за прием на хуманитарната пратка од страна на крајните корисници.

Обрасци 

 

Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)

Министерство за труд и социјална политика

Законски рок за постапување

60 дена

Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)

Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен

Одговорен 

Министерство за труд и социјална политика

Такса која се наплатува

/

Повеќе информации на следниот линк

 

Вид на услуга/право

Рефундирање на средства за набавка на патнички автомобил за лица со попреченост

Законска основа за остварување на услугата/правото

Член 256 од Законот за социјалната заштита (Закон за социјалната заштита (Службен весник на РСМ, бр. 104 од 23.5.2019 година)   

Потребни документи за остварување на правото/услугата

1. Барање

2. Наод, оцена и мислење од надлежна комисија за утврдена тешка, потешка и најтешка телесна попреченост, за утврдена умерена, тешка и длабока интелектуална попреченост, за потполно слепило и потполна глувост (или копија од документот заверена на нотар)

3. Царинска декларација (примерок од електронска царинска декларација, потврда за регистрација издадена по извршено увозно царинење) не постари од 18 месеци од денот на подмирување на царинските давачки и акцизи при увоз на патнички автомобил, издадени од царински орган (или копија од документот заверена на нотар)

4. Доказ за платен данок на додадена вредност при набавка на патничкиот автомобил, или фактура за набавка на возило во државата

5. Доказ од овластена компанија за вградена специјализирана опрема (за возила со купопродажна вредност над 10.000 евра во денарска противвредност, но не повеќе од 20.000 евра во денарска противвредност)

6. Потврда за остварени приходи за претходната година

7. Наод и мислење за друг член на семејството со попреченост (или копија од документот заверена на нотар)

8. Потврда за редовен студент (доколку лицето е студент)

9. Потврда за заснован работен однос (доколку лицето е во работен однос)

10. Потврда за регистриран активен барател на работа (доколку лицето е невработено лице).

Обрасци 

 

Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)

Меснонадлежен центар за социјална работа

Законски рок за постапување

тековно

Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)

Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен

Одговорен 

Министерство за труд и социјална политика

Такса која се наплатува

/

Повеќе информации на следниот линк

https://uslugi.gov.mk/service/refundiranje-na-sredstva-za-nabavka-na-patnichki-avtomobil-za-lica-so-poprechenost-4859

Мени за пристапност