Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Велковски на проштална средба со амбасадорот на ОБСЕ, Килијан Вал: Потврдена успешната соработка во унапредувањето на социјалната инклузија, младинските политики и заштитата од насилство

Велковски на проштална средба со амбасадорот на ОБСЕ, Килијан Вал: Потврдена успешната соработка во унапредувањето на социјалната инклузија, младинските политики и заштитата од насилство

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, оствари проштална средба со амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на која беа сумирани резултатите од досегашната соработка и реализираните активности со поддршка на Мисијата.

Во фокусот на разговорот беа заедничките активности во областа на инклузијата на Ромите, унапредувањето на младинските политики, родовата еднаквост, превенцијата и заштитата од родово базирано и семејно насилство, како и промоцијата на еднаквоста и недискриминацијата.

Посебно беше истакната поддршката на ОБСЕ во спроведувањето на Националната стратегија за инклузија на Ромите 2022–2030, подготовката на акциски планови во приоритетни области, како и активностите за унапредување на пристапот до правда, социјалната заштита и домувањето. Значаен придонес е остварен и во јакнењето на капацитетите на стручните служби за заштита на децата на улица.

Во делот на младинските политики, соработката придонесе кон спроведување на Националната стратегија за млади 2023–2027, формирање на Националната работна група за превенција на насилството кај младите и подготовка на нов Закон за младинска работа.

Разгледани беа и активностите за унапредување на родовата еднаквост и механизмите за превенција и заштита од родово базирано и семејно насилство, вклучително и развојот на платформата за следење на фемицидите, јакнењето на капацитетите на стручните лица и подобрувањето на меѓуинституционалната координација.

Соработката опфати и поддршка во подготовката и спроведувањето на политиките за еднаквост и недискриминација, како и јакнење на капацитетите на локалните самоуправи за поефикасно справување со дискриминацијата.

Министерот Велковски му се заблагодари на амбасадорот Вал за неговиот ангажман, посветеност и придонес во унапредувањето на партнерството со Министерството, истакнувајќи ја важноста на поддршката на ОБСЕ во спроведувањето на реформските процеси и развојот на политиките во овие области.

Мени за пристапност