Програмата „Вработување и социјални иновации“ – ЕаСи (Employment and Social Innovation - EaSi) е финансиски инструмент на Европската Унија со кој директно управува Европската комисија.
Потпрограмата Прогрес со која директно управува Европската комисија е главниот инструмент за унапредување на реформите во политиките за вработување и социјалните политики.
Активностите што ќе се финансираат се дефинираат во годишна работна програма што ја усвојува Комитетот на Програмата во Брисел.
Во ноември 2020 година, започна да се спроведува тригодишниот проект ,,Поддршка на инклузивниот развој на услуги во заедницата за долготрајна нега преку вклученост на повеќе чинители (InCARE)“,
Министерството за труд и социјална политика ги поканува сите заинтересирани граѓани и засегнати страни да учествуваат во Анкетата за искуствата, ставовите и очекувањата во однос на долгорочната нега и грижа.
Финансии за микропретпријатијата и социјалните претприемачи обезбедуваат директно селектирани, овластени финансиски посредници од Европскиот инвестициски фонд. На следниов линк се прикажани овластените финансиски посредници низ Европа:
Европската комисија не ги финансира директно претприемачите и социјалните претпријатија, туку им овозможува на селектирани провајдери на микро-кредити (финансиски посредници) да го зголемат кредитирањето на претприемачите и социјалните претпријатија.