Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Предлог закони и документи

Објавено на: 05.02.2026

Јавен увид- Предлог на Закон за социјални претпријатија (усогласена верзија)

 

Јавен увид на усогласена верзија на Предлог на Законот за социјални претпријатија: од 05.02.2026 до 07.03.2026 година.

Eлектронска адреса каде ќе можат да се  достават мислењата, забелешките и сугестиите: centarsp@mtsp.gov.mk

***

Министерството за социјална политика, демографија и млади изработката на предлог на Законот за социјални претпријатија ја реализираше во периодот од февруари 2021 година до април 2023 година низ консултации, состаноци и работни средби на  Работна група за политика и правна рамка на социјалното претприемништво формирана од Министерот за труд и социјална политика во февруари 2021, изменета и дополнета почеток на 2022 година. 

Дискусии и расправи за Предлог на Законот за социјални претпријатија со претставници на членови на Работната група - претставници на министерства и органи на државната управа се одржаа во Скопје на 01.11.2023 година, а со претставници на граѓански организации, фондации и академската заедница на 02.11.2023 година. 

Јавни расправи на предлог на Законот за социјални претпријатија беа спроведени во Скопје (10.11.2023), Битола (15.11.2023) и Штип (17.11.2023). 

Јавен увид на предлогот на Законот за социјални претпријатија, верзија од 2023 година, беше овозможен од 6.11.2023 до 21.11.2023 година.

Панел дискусија со граѓанскиот сектор за Предлог на Законот за социјални претпријатија – усогласена верзија одржана на 24.12.2025 година во Центарот  за социјални претпријатија – Министерство за социјална политика, демографија и млади. 

Воедно, во периодот 2024 – 2025 година се одвиваше процес на усогласување на текстот на Предлог на Законот за социјални претпријатија согласно писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни: Секретаријатот за законодавство при Владата на Република Северна Македонија, Агенција за вработување на Република Северна Македонија, Министерство за финансии,  Управа за јавни приходи при Министерство за финансии, Агенција за вработување на Република Северна Македонија,  Министерство за економија – Сектор за претприемништво и конкурентност на мали и среди претпријатија, Инспекциски совет, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за животна средина, просторно планирање, Министерство за правда - Сектор за бесплатна правна помош и политички систем, Министерство за правда - Сектор за правосудство Комисија за заштита од конкуренцијата, Министерство за животна средина и просторно планирање, Биро за јавни набавки при Министерство за финансии; Агенција за млади и спорт,  Министерство за спорт, Министерство за животна средина, просторно планирање,  Фонд за иновации и технолошки развој, Комисија за заштита од конкуренцијата, Министерство за дигитална трансформација и граѓанскиот сектор,  се изработи подобрена и усогласена верзија на Предлог на Законот за социјални претпријатија  - усогласена верзија , декември 2025 година.

******

Објавено на: 27.10.2023

Мени за пристапност