Советот на Европа е политичка организација, формирана во 1949 година, со цел бранење на принципите на демократијата, човековите права и владеење на правото. Во моментов, Советот на Европа брои 47 земји членки.
Европската социјална повелба на Советот на Европа претставува суштинско дополнение на Европската конвенција за човекови права со која се гарантираат граѓанските и политичките човекови права.