Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, оствари средба со амбасадорката на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, Узлем Џанел.
На средбата беа разменети мислења за досегашната соработка, како и за можностите за нејзино продлабочување и унапредување во областите во надлежност на Министерството.
Посебен акцент беше ставен и на младите, нивната улога во општеството, како и на можностите за креирање нови иницијативи и политики кои ќе придонесат за нивен развој, активно учество и создавање подобри перспективи.
Двете страни ја потврдија подготвеноста за продолжување на партнерската соработка и заедничко делување во насока на унапредување на социјалната политика, демографските процеси и младинските политики.
Ministri Vellkovski realizoi takim me ambasadoren e Mbretërisë së Holandës, Özlem Canel.