Насловна линкови контакт мапа
English Shqip
Навигација
Насловна
Министер
За министерството
Мисија
Други раководни органи
Сектори
Односи со јавност
Архива
Вести
Документи
Проекти
Медиа Центар
Програма Progress
Декада на Ромите
Меѓународна соработка
Европско партнерство
Соработка со Совет на Европа
Соработка со Меѓународната организација на трудот
Билатерална соработка
Европска Социјална Повелба
Еднакви можности
Родова рамноправност
Заштита и превенција од секаков вид на дискриминација
Директиви
Национален механизам за упатување на жртви на трговија со луѓе
Публикации од областа на еднаквите можности
Пазар на труд
Невработеност
Вработеност
Анкета на работна сила
Социјално партнерство
Плати
Трудова инспекција
Државен испекторат за труд
Акции и активности
Социјална заштита
Услуги и права
Постапка
Институции
Вонинституционална заштита
Социјални реформи
Социјална инспекција
Детска заштита
Права од детска заштита
Детски градинки
Детски одморалишта
Договори за социјално осигурување
Пензиско и инвалидско осигурување
Пензиско и инвалидско осигурување
Пензиски реформи
Боречко-инвалидска заштита
Прописи
Закони
Иницијативи
Правилници
Јавни повици
Вработување во МТСП
Јавни огласи
Спогодби
Контакти

Услови за стекнување право на старосна пензија

Основен критериум при утврдувањето на условите за остварување право на старосна пензија е возраста и постоење на минимум навршен пензиски стаж. Условите за стекнување право на старосна пензија се уредени со законот за пензиско и инвалидско осигурување и тие се: 64 години живот за маж и 62 години живот за жена и најмалку 15 години пензиски стаж. Потребата од зголемување на старосната граница е резултат на демографските трендови, односно зголемување на очекуваното траење на животот на населението, а со тоа и на очекуваното времетраење на користење на пензијата. Според овие услови се постигнува одредена усогласеност помеѓу користење на пензијата приближувајќи се до европските стандарди во однос на времетраењето на користењето на пензијата помалку од 14 години.

Од пензискиот систем трајно се изостави можноста правото на старосна пензија да се остварува само со навршување одредени години на пензиски стаж, без оглед на возраста. Исклучок, од ова догорочно системско решение е преодната одредба од членот 30 според која осигуреникот (жена) која на 1 септември 2000 година имала најмалку 28 години пензиски стаж, односно (маж) најмалку 33 години пензиски стаж, право на старосна пензија да можат да остварат со навршување на 35 години, односно 40 години пензиски стаж, без оглед на возраста. Овој услов за стекнување право на старосна пензија се применува до 1 септември 2007 година.

Овие услови се единствени и важат за сите категории на осигуреници. Законот за пензиското и инвалидското осигурување пропишува посебни услови за остварување право на старосна пензија за определена категорија на работници и тоа во: Министерството за внатрешни работи, Министерствотот за одбрана, Казнено-поравните и виспитно-поправните домови. Имено, истите можат под поповолни, односно различни услови, да остваруват право на старосна пензија и тоа поради специфичноста, тежината на работното место и условите под кои ги извршуваат работите и работните задачи.

За лицата што ќе останат осигурени само во јавниот пензиски систем (лица што нема да се одлучат да влезат во новиот пензиски систем), а до 1 септември 2000 година имаат навршено најмалку 15 години пензиски стаж, заменската стапка за полн стаж ќе изнесува 80% како според досегашните прописи. За оние лица кои не навршиле 15 години пензиски стаж, заменската стапка ќе опаѓа во следните 40 години најмногу до 72%. Висината на пензискиот ануитет во случај на старост што се остварува од задожително капитално финансирано пензиско осигурување зависи од обемот на вложените средства- акумулирани придонеси и остварениот принос од инвестираните акумулирани придонеси по одбување на трошоците.

Измени и дополнувања на Законот за пензиско и инвалидско осигурување кои се однесуваат на можноста корисник на пензија повторно да се вработи.  

Со измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување  („Сл. весник на Р;“бр.161/08) кој се применуваат од 1 јануари 2009 година извршено е усогласување со Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.

Имено, со  членот 10 од овие измени и дополнувања од 1 јануари 2009 година,  корисниците на пензија не може да бидат во осигурување (основ на повторно заснован работен однос или вршење на дејност) и истовремено да користат дел од  пензијата.

При дефинирањето на обврзниците за плаќање на придонес со новите измени и дополнувања не постои можност корисник на пензија повторно да заснова работен однос и истовремено да користи и дел од пензијата. Ова решение беше во сила од јуни 2006 година при што корисниците на пензија можеа да засноваат работен однос, да користат 30%,50% и 70% од пензијата (во зависност од ангажираното работно време:полно работно време, или скратено работно време од 4 или помалку часови) и за тоа му се плаќа придонес за пензиско и инвалидско осигурување на повисока основица од останатите вработени.

Со измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување кој се применува од 1 јануари 2009 година, на корисникот на пензија кој засновал работен однос или врши самостојна дејност,  му се стопира исплатата на пензијата. Истовремено, се воспоставува можност на корисник на старосна пензија да му се определи нов износ на пензија, ако навршил најмалку една година стаж на осигурување по остварувањето право на старосна пензија.Новиот износ на старосна пензија ќе се утврди според вкупно навршениот пензиски стаж и остварени плати.Со ова решение се дава можност повторниот работен однос да повлече и повторно определување на пензијата (признавање на тоа време во пензиски стаж или повторно определување на пензиската основа), бидејќи корисникот на пензија ќе биде обврзник за плаќање на придонес од задолжително социјално осигурување.


 


 


 

 



 
Copyright(c) 2008 Министерство за труд и социјална политика