Здравствена заштита

Право на здравствена заштита имаат корисниците на:

  • корисник на гарантирана минимална помош, кое е лице неспособно за работа,
  • корисник на надоместок заради попреченост,
  • корисник на надоместок за помош и нега од друго лице,
  • лице со статус на признаен бегалец и лице под супсидијарна заштита,
  • корисници на вон-семејна заштита,
  • лице-жртва на семејно насилство за кое се презема мерка на заштита согласно со прописите од областа за превенција, спречување и заштита од семејно насилство и
  • лице-жртва на трговија со луѓе.

Корисниците од ставот 1 на овој член, остваруваат право на здравствена заштита, само доколку не можат да се стекнат со осигурување по друг основ.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->