27.10.2023
Одбележана Европската недела за БЗР и Доделени признанијата во изборот за Национална награда за компанија со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа 2023
По повод Европската недела на безбедност и здравје при работа, Министерството за труд и социјална политика и Советот за безбедност и здравје при работа, со поддршка на Канцеларијата на Фондацијата „Фридрих Еберт“, на 25 октомври организираа пригоден настан/конференција, на која учесниците дадоа заеднички придонес кон подигнувањето на свеста за улогата и значењето на заштитата на здравјето и безбедноста на работните места.
Настанот со своите воведни и поздравни обраќања го отворија Министерката за труд и социјална политика - Јованка Тренчевска, Штефен Худолин од Делегација на Европската унија, претседателите на ССМ и ОРМ - Слободан Трендафилов и Владанка Трајкоска, Емил Крстановски, Национален координатор на МОТ и Јасмина Чалоска, Претседателка на Советот за БЗР.
Централен дел на Конференцијата беше доделувањето на овогодинешните Национални награди за компании со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа - 2023.
Изборот беше во организација на Советот за БЗР, со поддршка од МТСП и со вклученост на стручни лица за безбедност при работа и доктори по медицина на трудот кои учествуваа во оценката на компаниите кои се јавија на отворениот повик.
Согласно резултатите од оценката на компаниите и конечното рангирање, добитници на признанијата за Компанија со најдобро имплементиран систем за БЗР 2023 се компаниите:
• Рудник „САСА“ – Македонска Каменица (Кратка презентација),
• Алкалоид – Скопје (Кратка презентација) и
• Раде Кончар ТЕП – Скопје (Кратка презентација)
Вториот, тематски дел од Конференцијата беше посветен на „лансирање“ и отпочнување на новата Европска кампања за здрави работни места на Европската агенција за БЗР (EU-OSHA), која во наредните две години (2023-2025) ќе се спроведува под насловот „Безбедна и здрава работа во дигиталната ера“.
Во овој дел од настанот свои презентации на темата дигитализација во работата и влијанието врз безбедноста и здравјето на работниците имаа:
*** Агенда