28.10.2022
Доделени признанијата во изборот за Национална награда за компанија со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа 2022
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска ги додели плакетите на трите најдобро рангирани компании во овогодинешниот избор за Националната Награда за компанија со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа 2022.
Доделувањето на наградите се реализираше во рамките на настанот за одбележување на Европската недела на безбедност и здравје при работа, кој се одржа на 28 октомври во х.Holiday Inn во Скопје, во организација на Министерството за труд и социјална политика заедно со Советот за безбедност и здравје при работа и со поддршка од Фондацијата „Фридрих Еберт“.
Согласно резултатите од оценката на компаниите направена од страна на стручните комисии (составени од стручни лица по безбедност при работа и доктори по медицина на трудот), добитници на признанијата оваа година се компаниите:
- МАКСТИЛ, Скопје,
- КНАУФ-РАДИКА, Дебар и
- КОМФИ АНГЕЛ, Прилеп.
„Задоволна сум што и оваа година имавме компании што се пријавија на изборот и кои навистина имаат со што да се пофалат кога е во прашање имплементацијата на БЗР стандарди и грижата за здравјето и безбедност на своите вработени. Разликата во освоените бодови кај компаниите и овој пат беше навистина мала, што говори за тоа дека сите овие компании отишле и многу подалеку и воспоставиле системи и стандарди кои ги надминуваат законски предвидените минимални услови и мерки“, истакна министерката Тренчевска.
Министерката при доделувањето на наградите им се заблагодари на компаниите – учесници на Изборот ова година за учеството на повикот, но пред сè за напорите и инвестициите кои овие компании ги вложуваат за постојано подобрување, унапредување и модернизирање на системите за БЗР. Таа истакна и дека и покрај неповолните состојби со кои компаниите се соочуваат во овој период како што е пандемијата, економската и енергетската криза, тие сепак ги останаа доследни на постојаното подобрување, унапредување и модернизирање на системите за БЗР.
На останатите компании кои учествуваа на изборот, Претседателката на Советот за БЗР, Проф.д-р. Јасмина Чалоска им додели пригодни Благодарници за нивното учество во изборот за доделување на Национална награда на компанија со најдобро имплементиран систем за БЗР - 2022 година, како и за континуираните напори за подобрување и унапредување на безбедноста и здравјето при работа и креирање на здрава и безбедна средина за вработените.
Кратки презентации од најдоброрангираните компании оваа година: