28.4.2022

Одбележан 28 април – Светскиот ден за безбедност и здравје при работа

По повод 28 април – Светскиот ден на безбедност и здравје при работа, во организација на Министерството за труд и социјална политика, Советот за БЗР и Меѓународната организација натрудот (МОТ),  се одржа пригоден настан (конференција) за одбележување на овој значен датум, на кој беа поканети и учествуваа претставници на сите релевантни чинители кои делуваат во областа на БЗР во Република Северна Македонија.

Конференцијата во Скопје се одржа под насловот „Да делуваме ЗАЕДНО за да градиме позитивна БЗР култура!“, во духот на овогодинешното мото и носечките пораки поврзани со одбележувањето на овој ден, а претставени од страна на МОТ.   

Присутни на настанот беа претставници од сите значајни државни институции и тела кои делуваат во областа на БЗР, членовите на националниот Совет за БЗР, претставници на социјалните партнери, професионалци и експерти во областа на БЗР, претставници на здруженијата на стручни лица за безбедност при работа и доктори по медицина на трудот, претставници на меѓународни организации, меѓу кои и  на Европската агенција за БЗР (EU-OSHA) од Билбао, Шпанија. 

Конференцијата започна со едноминутно молчење во знак на почит кон сите работници кои ги изгубиле животите на своите работни места, по што следуваа поздравните и воведни обраќања во кои на присутните им се обратија министерката за труд и социјална политика, заменик министерот за образование, потпретседателката на Советот за БЗР, националниот координатор на Меѓународната организација на трудот во РСМ, како и претседателите на двата репрезентативни социјални партнери, т.е. на Сојузот на синдикатите на Македонија и на Организацијата на работодавачи на Македонија.

Главните пораки кои беа истакнати на конференцијата се однесуваа на неопходноста и важноста од практикување и постојано поттикнување на ефикасен социјален дијалог и меѓусебна соработка во областа на безбедност и здравје при работа, како на национално, така и на ниво на претпријатие. 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, во своето обраќање истакна дека градењето, одржувањето и управувањето со системите за БЗР на работното место мора да биде задача и приоритет на сите релевантни актери во оваа област.   

Одбележувањето на овој датум, меѓу другото треба сите да биде и дополнителен поттик за сите субјекти уште повеќе да работат и да се ангажираат за подигнување на јавната свест за безбедноста и здравјето при работа, имајќи ја во предвид заеднички споделената одговорност и обврскат, секој во својот дел, да се грижи за унапредување на безбедноста на работните места и да работи на превенирање на несреќите, повредите и заболувањата поврзани со работата.

Во текот на конференцијата беше презентирана изготвената анализа за усогласеноста на македонското законодавство со Конвенциите на Меѓународната организација на трудот за БЗР во градежништво (бр.167), рударство (бр.176) и земјоделство (бр.184). 

Присутните беа запознаени и со новата национална Стратегија за БЗР 2021-2025 и Акцискиот план за нејзина имплементација, како и со улогата и делувањето на Државниот инспекторат за труд во изминатиот период.

Своја презентација имаше и претставникот од Европска агенција за БЗР (EU-OSHA), г-динот Тим Трегенза, кој зборуваше за улогата и активностите на Агенцијата, но и за значењето и важноста на социјалниот дијалог во областа на БЗР на ниво на ЕУ.

Во продолжение на конференцијата, со реализација на своја програма и активности, одбележувањето на Светскиот ден за БЗР дополнително го збогатија и здруженијата на стручни лица за безбедност при работа.

Во организација на Здружението за заштита при работа на општина Битола, Здружението за безбедност при работа „28-ми Април“ и Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, се реализираше делот насловен „БЗР од мали нозе – ЗДРУЖЕНИ, БЕЗБЕДНИ, СИЛНИ!“, во кој беа доделени наградите на компании - согласно повикот во организација на овие три здруженија, а беа претставени и учениците од основните училишта чии што творби (песни и раскази)на тема БЗР беа првонаградени во неколку категории.

На крајот од конференцијата, беше презентиран годишниот извештај на Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) за случени несреќи на работните места во текот на изминатата година, а во организација на ова здружение, конференцијата и одбележувањето беа заокружени со симболична акција во чии рамки, во блискиот парк беа засадени садници во чест на работниците кои ги загубиле своите животи на работните места. 



 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }