“СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ТОПОЛ ДОМ”
Министерството за труд и социјална политика ќе ја спроведува Акцијата “СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ТОПОЛ ДОМ” во соработка со општините, Градот Скопје и општините во Градот Скопје, Црвениот Крст на Град Скопје и Црвениот Крст на Република Македонија. Имено, помошта и поддршката на социјално загрозените семејства е континуиран процес со кој Владата на Република Македонија преку Министерството за труд и социјална политика и останатите стратешки партнери излегува во пресрет во задоволување на потребите на лицата на коишто им е најпотребна помошта.
Со Акцијата “СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ТОПОЛ ДОМ” ќе се намали социјалниот ризик од социјално исклучување на граѓаните на државата во задоволување на основните потреби од покуќнина, мебел, бела техника, електрични апарати, апарати за домаќинство, опрема за деца, велосипеди и друго.
Акцијата е наменета за лицата кои се евидентирани во системот на социјална заштита преку 30 Центри за социјална работа во Република Македонија, односно остваруваат одредени права согласно со Законот за социјална заштита и претставува можност за доближување на системот до социјално ранливите групи во вистинска смисла на зборот. Донираните ствари треба да бидат функционални и употребливи (покуќнина, мебел, бела техника, електрични апарати, опрема за деца, велосипеди и друго) и ќе бидат наменети за корисниците на социјална заштита и смејствата кои немаат доволно средства за да си обезбедат мебел,покукнина и сл.
Социјално загрозените лица коишто ќе примат одредена донирана ствар, нема да може да бидат услужени со иста таква во наредните три години.
Акцијата ќе се одвива според принципот “КОЈ ПРВ ЌЕ СЕ ЈАВИ, ТОЈ ПРВ ЌЕ БИДЕ УСЛУЖЕН”.
|