Лицето кое сака да посвои дете, поднесува барање до Комисијата за засновање на повојување при Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Кон барањето се приложуваат следниве документи:
• Извод од Матичната книга на родените, кој го прибавува Комисијата по службена должност;
• Уверение за државјанство кој го прибавува Комисијата по службена должност;
• Уверение од суд за неосудуваност кој го прибавува Комисијата по службена должност;
• Уверение од суд дека не му е одземено вршењето на родителското право;
• Уверение од суд дека не му е одземена деловната способност;
• Лекарско уверение на подносителот за здравствената и психофизичката способност да биде родител;
• Потврда за висината на месечните примања;
• Уверение од Управата за јавни приходи за материјалната состојба кој го прибавува Комисијата по службена должност;
• Доказ за сопственост на стан, куќа и викендичка;
• Доказ за завршено образование и
• Извод од Матичната книга на венчаните, кога како подносители на барањето се јавуваат брачни другари кој го прибавува Комисијата по службена должност;
Кога подносителот на барањето е лице кое е странски државјанин или е македонски државјанин кој живее и работи во странство, покрај горенаведените документи, кои треба да бидат доставени во оригинал или фотокопија заверена на нотар и судски заверен превод на документите на македонски јазик, треба да достави и:
• извадоци од законот на земјата на посвоителите што се однесуваат на посвојувањето и други информации и докази за да се обезбедат еднакви или подобри услови за живот и развој на детето и
• Извештај од соодветна социјална служба за способноста, за подобноста и за мотивите за посвојување, за нивното потекло, за семејната и медицинската историја, за социјалната околина, за причините за посвојување, за можноста за спроведување на меѓународно посвојување, како и за карактеристиките на децата за кои би биле во можност да се грижат.
Документите не треба да бидат постари од една година и се поднесуваат во оригинал или фотокопија заверена на нотар
|