Родителски додаток за дете (трето дете) по материјална состојба, поднесено од мајката

 

Вид на услуга/право

Родителски додаток за дете (трето дете) по материјална состојба, поднесено од мајката

Законска основа за остварување на услугата/правото

Член 38 став (3) од Закон за заштита на децата (,,Службен весник на РМ“ бр. 23/13, 12/14, 44/14, 144/14, 10/15, 25/15, 150/15, 192/15, 27/16, 163/17, 21/18, 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 104/19, 146/19, 275/19. 311/20, 294/21, 150/22 и 236/22) и член 9 од Правилник за формата и содржината на обрасците на барањата и потребната документација за остварување на правата за заштита на децата (Службен весник на РСМ, бр. 109/19 и 234/20)

Потребни документи за остварување на правото/услугата

1. Важечка лична карта на увид за утврдување на идентитетот, државјанството и постојаното место на живеење во Република Северна Македонија последните три години пред поднесување на барањето, (а за мајките за кои од личната карта не може да се утврди дека се државјани на Република Северна Македонија со постојано место на живеење во РепубликаСеверна Македонија последните три години пред поднесување на барањето и доказ со кој се потврдува односно од кој може да се утврди дека се државјани на Република Северна Македонија со постојано место на живеење во Република Северна Македонија последните три години пред поднесување на барањето - издаден од Министерство за внатрешни работи, односно обезбеден доказ од центарот за социјална работа по службена должност од Министерство за внатрешни работи);

2. Изјава од мајката како подносител на барањето дека не живее и не работи во странство;

3. Изјава од мајката за редоследот на раѓања на децата, спрема датумот и часот на раѓањата, запишани во изводот од матичната книга на родени на детето, а ако има починато дете се наведува и датумот и часот на смртта на детето, запишани во изводот од матичната книга на умрени на детето;

4. Доказ дека не и е одземено родителското право на мајката над децата од претходниот ред на раѓањеиздаден од надлежниот суд;

5. Доказ за мајката за извршени здравствени прегледи и контроли за време на бременоста, кај избран лекар-специјалист по гинекологија и акушерство;

6. Доказ за вршење на задолжителните вакцинации на детето за кое се остварува правото согласно закон -издаден од соодветна здравствена установа;

7. Договор за извршување на работи во врска со спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија;

8. Потврда од банка за штеден влог;

9. Потврда дека детето за кое се остварува правото е запишано и редовно ја следи наставата во основно училиште, издадена од установата во која е запишано;

10. Потврда за вонредно продолжување на образованието за дете за кое се остварува правото и кое поради болест или повреда е спречено редовно да ја посетува наставата - издадена од образовната установа во која е запишано; и

11. Потврда за дете за кое се остварува правото дека поради видот и степенот на попреченост не може да се образува- издадена од соодветна здравствена установа; и

12. Копија од трансакциска сметка .

Обрасци 

Барање за остварување- продолжување на право на родителески додаток за дете (за трето дете), Прилог бр.4, БРДД

Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)

Центарот за социјална работа надлежен за подрачјето на кое мајката има живеалиште или престојувалиште. Барањето се поднесува лично во ЦСР.

Законски рок за постапување

Центарот за социјална работа одлучува во рок од 60 дена од денот на поднесување на барањето

Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)

Жалбата се поднесува до Министерството за труд и социјална политика (ул. Даме Груев број 14, Скопје) непоредно или преку Центарот за социјална работа. Против решението на Министерството за труд и социјална политика може да се поднесе тужба пред Управен суд. Корисниците се ослободени од плаќање такси пред надлежните органи

Одговорен 

Првостепен орган-Центарот за социјална работа. Второстепен орган Министерството за труд и социјална политика.

Такса која се наплатува

/

Повеќе информации на следниот линк

https://mtsp.gov.mk/prava-od-detska-zashtita-ns_article-roditelski-dodatok-za-dete.nspx

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }