Еднократна парична помош за новороденче

 

Вид на услуга/право

Еднократна парична помош за новороденче

Законска основа за остварување на услугата/правото

Член 36 од Закон за заштита на децата (,,Службен весник на РМ“ бр. 23/13, 12/14, 44/14, 144/14, 10/15, 25/15, 150/15, 192/15, 27/16, 163/17, 21/18, 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 104/19, 146/19, 275/19. 311/20, 294/21, 150/22 и 236/22) член 14 од Правилникот за поблиските услови и начинот на остварување на правата за заштита на децата, како и утврдување на  состојбата на приходите, имотот и имотните права на домаќинството  и семејството за правата детски додаток, родителски додаток  за  дете  и  додаток  за образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 109/19,  116/19, 234/20, 222/21 и 24/22) 

Потребни документи за остварување на правото/услугата

1. Важечка лична карта на мајката – се доставува на увид за докажување на идентитетот, државјанството и постојаното место на живеење на мајката од најмалку 12 месеци непрекинато на територија на Република Северна Македонија до денот на раѓањето на детето, а доколку подносител на барањето е таткото се доставува важечка лична карта од мајката на детето на увид за докажување на постојаното место на живеење на мајката, и важечка лична карта на таткото за докажување на идентитетот, државјанството и постојаното место на живеење од најмалку 12 месеци непрекинато на територија на Република Северна Македонија до денот на раѓањето на детето;

2. Мајчина книшка на увид за мајката со копија на страници 3, 5 и 7 или потврда од избран лекар- специјалист по гинекологија и акушерство за редот на раѓање на детето/децата, а за посвоено дете потврда дека мајката нема прво/второ живородено дете; и

3. Копија од трансакциска сметка.

Обрасци 

Барање за остварување на право на еднократна парична помош за новороденче

Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)

Центарот за социјална работа надлежен за подрачјето на кое мајката има живеалиште или престојувалиште. Барањето се поднесува лично во ЦСР.

Законски рок за постапување

Центарот за социјална работа одлучува во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето

Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)

Жалбата се поднесува до Министерството за труд и социјална политика (ул. Даме Груев број 14, Скопје) непоредно или преку Центарот за социјална работа. Против решението на Министерството за труд и социјална политика може да се поднесе тужба пред Управен суд. Корисниците се ослободени од плаќање такси пред надлежните органи

Одговорен 

Првостепен орган-Центарот за социјална работа. Второстепен орган Министерството за труд и социјална политика.

Такса која се наплатува

/

Повеќе информации на следниот линк

https://mtsp.gov.mk/prava-od-detska-zashtita-ns_article-pomosh-za-oprema-na-novorodence.nspx

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }