Додаток за образование (ученици во основно и средно училиште)

 

Вид на услуга/право

Додаток за образование (ученици во основно и средно училиште)

Законска основа за остварување на услугата/правото

Член 39-б од Закон за заштита на децата (,,Службен весник на РМ“ бр. 23/13, 12/14, 44/14, 144/14, 10/15, 25/15, 150/15, 192/15, 27/16, 163/17, 21/18, 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 104/19, 146/19, 275/19. 311/20, 294/21, 150/22 и 236/22) член 24 од Правилникот за поблиските услови и начинот на остварување на правата за заштита на децата, како и утврдување на  состојбата на приходите, имотот и имотните права на домаќинството  и семејството за правата детски додаток, родителски додаток  за  дете  и  додаток  за образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 109/19,  116/19, 234/20, 222/21 и 24/22) 

Потребни документи за остварување на правото/услугата

1. Важечка лична карта на подносителот на барањето, која се доставува самона увид за докажување на идентитетот, државјанството и живеалиштето (за сите полнолетни членови на домаќинството);

2. Пресуда за развод на брак-правосилна судска пресуда;

3. Пресуда за определена законска издршка;

4. Договор за извршување на работи во врска со спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија;

5. Потврда од банка за штеден влог;

6. Доказ дека едниот родител е исчезнат- од надлежен суд;

7. Доказ за временски период за издржување на казна затвор;

8. Потврда за детето/ученикот дека е запишан и е редовен ученик во основно училиште/средно училиште; и

9. Копија од трансакциска сметка на лицето на кое се врши исплата, согласно Законот за заштита на децата

Обрасци 

Барање за остварување на право на додаток за образование, Прилог бр.5, БДО

Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)

Центарот за социјална работа надлежен за подрачјето на кое мајката има живеалиште или престојувалиште. Барањето се поднесува лично во ЦСР.

Законски рок за постапување

Центарот за социјална работа одлучува во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето

Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)

Жалбата се поднесува до Министерството за труд и социјална политика (ул. Даме Груев број 14, Скопје) непоредно или преку Центарот за социјална работа. Против решението на Министерството за труд и социјална политика може да се поднесе тужба пред Управен суд. Корисниците се ослободени од плаќање такси пред надлежните органи

Одговорен 

Првостепен орган-Центарот за социјална работа. Второстепен орган Министерството за труд и социјална политика.

Такса која се наплатува

/

Повеќе информации на следниот линк

https://mtsp.gov.mk/prava-od-detska-zashtita-ns_article-dodatok-za-obrazovanie.nspx

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }