Додаток за образование-студент

 

Вид на услуга/право

Додаток за образование-студент

Законска основа за остварување на услугата/правото

Член 39-ѕ од Закон за заштита на децата (,,Службен весник на РМ“ бр. 23/13, 12/14, 44/14, 144/14, 10/15, 25/15, 150/15, 192/15, 27/16, 163/17, 21/18, 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 104/19, 146/19, 275/19. 311/20, 294/21, 150/22 и 236/22) член 31 од Правилникот за поблиските услови и начинот на остварување на правата за заштита на децата, како и утврдување на  состојбата на приходите, имотот и имотните права на домаќинството  и семејството за правата детски додаток, родителски додаток  за  дете  и  додаток  за образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 109/19,  116/19, 234/20, 222/21 и 24/22) 

Потребни документи за остварување на правото/услугата

  1. Важечка лична карта на подносителот на барањето, која се доставува само на увида докажување на идентитетот, државјанството и живеалиштето;

  2. Соодветен доказ за користење на социјален стан под закуп ((Договор за користење на социјален стан под закуп од Министерство за транспорт и врски/ доказ-потврда од Акционерското друштво за стопанисување и изградба на станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката или изјава на записник дека не користи социјален стан под закуп, дадена на записник во центарот за социјална работа); 

  3. Потврда дека првпат е запишан на високообразовна установа; 

  4. Потврда за редовен студент; и

  5. Копија од трансакциска сметкa

Обрасци 

Барање за остварување на право на додаток за образование за студент кој до 18 годишна возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, Прилог бр.5Б, БДО/Д С

Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)

Центарот за социјална работа надлежен за подрачјето на кое подносителот на барањето има живеалиште или престојувалиште. Барањето се поднесува лично во ЦСР.

Законски рок за постапување

Центарот за социјална работа одлучува во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето

Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)

Жалбата се поднесува до Министерството за труд и социјална политика (ул. Даме Груев број 14, Скопје) непоредно или преку Центарот за социјална работа. Против решението на Министерството за труд и социјална политика може да се поднесе тужба пред Управен суд. Корисниците се ослободени од плаќање такси пред надлежните органи

Одговорен 

Првостепен орган-Центарот за социјална работа. Второстепен орган Министерството за труд и социјална политика.

Такса која се наплатува

/

Повеќе информации на следниот линк

https://mtsp.gov.mk/prava-od-detska-zashtita-ns_article-dodatok-za-obrazovanie.nspx

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }