Партиципација во трошоците за згрижување и воспитание и одмор и рекреација на деца во јавна установа за деца, за дете на кое материјалната состојба на семејството е нарушена поради претрпена природна непогода

 

Вид на услуга/право

Партиципација во трошоците за згрижување и воспитание и одмор и рекреација на деца во јавна установа за деца, за дете на кое материјалната состојба на семејството е нарушена поради претрпена природна непогода

Законска основа за остварување на услугата/правото

Член 40 од Закон за заштита на децата (,,Службен весник на РМ“ бр. 23/13, 12/14, 44/14, 144/14, 10/15, 25/15, 150/15, 192/15, 27/16, 163/17, 21/18, 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 104/19, 146/19, 275/19. 311/20, 294/21, 150/22 и 236/22) и член 3 од Правилник за поблиските услови и начинот на остварување на правото на партиципација во трошоците за згрижување, воспитание, одмор и рекреација на деца во јавните установи за деца (Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 157/19)

Потребни документи за остварување на правото/услугата

1. Лична карта на подносителот на барањето на увид

2. Фотокопија од извод на матичната книга на родени на детето (оригиналот се доставува на увид)

3. Потврда од Центарот за социјална работа дека материјалната состојба на семејството е нарушена поради претрпена природна непогода (пожар, поплава, земјотрес и друго). 

Обрасци 

Барање за остварување на правото на партиципација во трошоците за згрижување, воспитание, одмор и рекреација на деца во јавни установи за деца, Образец број 1

Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)

Центар за социјална работа

Законски рок за постапување

Центарот за социјална работа одлучува во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето.

Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)

Жалбата се поднесува до Министерството за труд и социјална политика (ул. Даме Груев број 14, Скопје) непоредно или преку Центарот за социјална работа. Против решението на Министерството за труд и социјална политика може да се поднесе тужба пред Управен суд. Корисниците се ослободени од плаќање такси пред надлежните органи

Одговорен 

Првостепен орган-Центарот за социјална работа. Второстепен орган Министерството за труд и социајална политика

Такса која се наплатува

/

Повеќе информации на следниот линк

https://mtsp.gov.mk/prava-od-detska-zashtita-ns_article-participacija.nspx

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }