Партиципација во трошоците за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст за самохрани родители кои се корисници на правото на гарантирана минимална помош, чии деца се згрижени во јавна установа за деца - детска градинка

 

Вид на услуга/право

Партиципација во трошоците за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст за самохрани родители кои се корисници на правото на гарантирана минимална помош, чии деца се згрижени во јавна установа за деца - детска градинка

Законска основа за остварување на услугата/правото

Член 40 од Закон за заштита на децата (,,Службен весник на РМ“ бр. 23/13, 12/14, 44/14, 144/14, 10/15, 25/15, 150/15, 192/15, 27/16, 163/17, 21/18, 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 104/19, 146/19, 275/19. 311/20, 294/21, 150/22 и 236/22) и член 3 од Правилник за поблиските услови и начинот на остварување на правото на партиципација во трошоците за згрижување, воспитание, одмор и рекреација на деца во јавните установи за деца (Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 157/19)

Потребни документи за остварување на правото/услугата

1. Важечка лична карта на подносителот на барањето на увид, за докажување на идентитетот, државјанството и постојаното место на живеење во Република Северна Македонија од најмалку 12 месеци непрекинато на територија на Република Северна Македонија, до денот на поднесување на барањето, а ако од личната карта не може да се докаже дека е државјанин на Република Северна Македонија со постојано место на живеење од најмалку 12 месеци непрекинато до денот на поднесување на барањето, доказ од Министерство за внатрешни работи (потврда)

2.Препис од извод на матична книга на родени на детето и

3.Решение за користење на правото на гарантирана минимална помош од Центарот за социјална работа

Обрасци 

Барање за остварување на правото на партиципација во трошоците за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст за самохрани родители кои се корисници на гарантирана минимална помош чии деца се згрижени во јавна установа за деца – детска градинка, Образец број 2

Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)

Комисија за прием на деца при Јавна установа за деца. Барањето се поднесува лично во јавна установа за деца – детска градинка-Комисија за прием на деца

Законски рок за постапување

Комисија за прием на деца, 30 дена од денот на поднесување на барањето

Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)

Жалбата се поднесува до Комисија за прием на деца при Јавната установа за деца, непосредно или во Министерството за труд и социјална работа. Против решението на Министерството за труд и социјална политика може да се поднесе тужба пред Управен суд. Корисниците се ослободени од плаќање такси пред надлежните органи

Одговорен 

Првостепено-Комисија за прием на деца.Второстепен орган Министерство за труд и социјална политика

Такса која се наплатува

/

Повеќе информации на следниот линк

https://mtsp.gov.mk/prava-od-detska-zashtita-ns_article-participacija.nspx

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }