Издавање, обновување, продолжување и одземање на лиценци за работа на лица кои се заинтересирани да се вклучат во системот за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, на директори на установи за деца и на лица вклучени во системот за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст

 

Вид на услуга/право

Издавање, обновување, продолжување и одземање на лиценци за работа на лица кои се заинтересирани да се вклучат во системот за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, на директори на установи за деца и на лица вклучени во системот за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст

Законска основа за остварување на услугата/правото

Член 179, 179-а, од Закон за заштита на децата („Службен весник на Република Македонија“ 23/13, 12/14, 44/14, 144/14, 10/15, 25/15, 150/15, 192/15, 27/16, 163/17, 21/18 и 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 104/19, 146/19, 275/19, 311/20, 294/21, 150/22  и 236/22)

Потребни документи за остварување на правото/услугата

Во прилог кон барањето за стекнување на лиценца сe доставува:

  • диплома или уверение за завршено соодветно образование, 

  • доказ за државјанство на Република Северна Македонија, 

  • лекарско уверение за здравствена состојба (издадено од диспанзер по медицина на трудот) 

  • потврда дека не му е одземено вршењето на родителското право, 

  • потврда дека не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност,

  • потврда дека не му е изречена казна со правосилна судска пресуда со која е осудено за кривично дело за семејно насилство, одземање на малолетно лице, негрижа или злоставување на малолетно лице или родосквернавење, за кривично дело од групата на дела против половата слобода, без оглед на изречената санкција и кај кое, во согласност со закон, е утврдено дискриминаторско однесување, 

  • потврда дека со правосилна одлука не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност, сé додека траат последиците од забраната, 

  • потврда за посетена обука за директор од најмалку 40 часа на кандидати за стекнување на лиценца за директори на установите деца и 

  • доказ за платен надомест за трошоците за издавање на лиценцата за работа.

Покрај горе наведените документи за обновување /продолжување на лиценца за работа кандидатот треба да достави и:

  • копија од претходно издадена лиценца, 

  • докази за професионален развој (сертификати, потврди за посетени обуки, семинари, конференции, симпозиуми, од областа на раниот детски развој во периодот на важноста на издадената лиценца) односно, посетено 40 часа едукација за директор, 20 часа едукација за стручен работник, стручен соработник и воспитувач и 10 часа едукација за неговател. 

Обрасци 

Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)

Барање се доставува до МТСП- Комисија за лиценцирање

Законски рок за постапување

Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)

Одговорен 

ЦСР/МТСП

Такса која се наплатува

Трошокот за издавање, продолжување и обновување на лиценцата за работа е на товар на стручното лице и е во висина од 1.400 денари за директор, 950 денари за стручен работник, стручен соработник и воспитувач, 450 денари за неговател, за физичко лице кое врши одредени работи од дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст и лице вработено, односно агажирано во агенциите за давање услуги за чување и нега на деца од предучилишна возраст, усогласени со порастот на трошоците на живот за претходната година, објавени од Државниот завод за статистика во јануари за тековната година.

Сметка 100000000063095

Повеќе информации на следниот линк

https://mtsp.gov.mk/komisija-za-licenciranje.nspx

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }