Донесување на решенија за вршење на дејност на установи за деца (детски градинки, центри за ран детски развој и детски одморалишта

 

Вид на услуга/право

Донесување на решенија за вршење на дејност на установи за деца (детски градинки, центри за ран детски развој и детски одморалишта

Законска основа за остварување на услугата/правото

Член 99, Член 102, Член 107, Член 109  од Закон за заштита на децата (,,Службен весник на РМ“ бр. 23/13, 12/14, 44/14, 144/14, 10/15, 25/15, 150/15, 192/15, 27/16, 163/17, 21/18, 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 104/19, 146/19, 275/19, 311/20, 294/21, 150/22 и 236/22) и Правилникот за стандарите и нормативите за вршење на дејноста на установите за деца (Службен весник на Република Македонија бр.28/14, 40/14, 136/14, 71/15, 170/16 и 158/18 и Службен весник на РСМ, бр.110/22)

Потребни документи за остварување на правото/услугата

За донесување решение за вршење на дејноста (за приватна установа за деца-детска градинка/центар за ран детски развој, детско одморалиште) од физичко или правно лице потребно е:

  • По добивање на одобрението за основање на приватната установа за деца од Владата на Република Северна Македонија (Одлука) до Министерството за труд и социјална политика треба да се достави: 

    • Барање за добивање на решение за вршење на дејност (и за формирање на Комисија за вршење непосреден увид во исполнетоста на условите за вршење на дејност на установата за деца) 

    • Акт за основање на установата (доколку се две или повеќе лица и договор за заедничко основање) 

  • Претходно за издавање на одобрението за основање на приватна установа за деца од Владата на Република Македонија, до Министерството за труд и социјална политика од правното или физичкото лице се доставува барање за добивање одобрение за основање на приватна установа за деца со Елаборат за потребите од ваков вид установа и документација за потребните услови (за обезбедени соодветни просторни услови, опрема и дидактички средства, соодветни, стручни и други работници, програма за вршење на дејноста, како и потребни финансиски средства за основање и отпочнување со работа на установата за деца).

  • За донесување решение за вршење на дејноста (за јавна установа за деца-детска градинка/центар за ран детски развој, детско одморалиште) кои се основаат од Општината и Општината во Градот Скопје-за општинска детска градинка/центар за ран детски развој,односно од општината и Градот Скопје–за општинско детско одморалиште, со одлука на Советот на општината и општината во Градот Скопје, односно на Градот Скопје. Претходно, за донесување на одлука за основање на јавна општинска детска градинка/центар за ран детски развој, детско одморалиште, потребно е да прибави мислење од Министерството за труд и социјална политика. 

  • Кон барањето за добивање Решение за вршење на дејноста (и за формирање на комисија за вршење непосреден увид за исполнетоста на условите за вршење на дејноста на установата за деца) се доставува

    • Одлука за основање на јавна општинска установа за деца-детска градинка/центар за ран детски развој, детско одморалиште), 

    • Акт за основање, со придружна документација за исполнетоста на условите, согласно со Законот за заштита на децата (за обезбедени соодветни просторни услови, опрема и дидактички средства, потребен број на деца, соодветни и стручни и други работници, програма за вршење на дејноста како и потребни финансиски средства за основање и отпочнување со работа на установата за деца). Установата за деца може да започне со работа откако министерот ќе утврди дека се исполнети условите утврдени во Законот за заштита на децата и другите прописи и ќе донесе Решение за вршење на дејноста (врз основа на мислење на Комисија именувана од министерот која врши непосреден увид, со цел да утврди дали се исполнети утврдените услови за отпочнување со работа) . 

    • По донесување на решението за вршење на дејноста установата за деца се запишува во соодветниот регистар на Централниот регистар на Република Македонија

Обрасци 

Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)

МТСП

Законски рок за постапување

МТСП одлучува во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето

Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)

Одговорен 

МТСП

Такса која се наплатува

/

Повеќе информации на следниот линк

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }