Согласност за упатување на работници во странство врз основа на склучени договори (монтажерски,градежни и изолациони договори)

 

Вид на услуга/право

Согласност за упатување на работници во странство врз основа на склучени договори (монтажерски,градежни и изолациони договори)

Законска основа за остварување на услугата/правото

Закон за упатување на работници од РСМ во други држави за изведување на градежни работи преку проектни договори и други сезонски работи“ (Сл.в. 166/12 и 30/16)

Потребни документи за остварување на правото/услугата

Барањето треба да содржи:

  • претставување на барателот (име, адреса, седиште, овластено лице, телефон, факс, e-mail како и бројот и видот на работници за кои се аплицира); 

  • вкупен број на вработени на неопределено и определено време, при што правните лица кои поднесуваат барање за упатување работници по проектни договори треба да имаат 10 вработени на неопределено време и најмалку шест месеци пред пријавување на јавен повик; 

  • структура на вработените според стручна подготовка; -краток опис на работењето на друштвото и 

  • референци на трговското друштво во земјата и странство, потпишани и заверени од работодавачот.

Потребна документација која барателот треба да ја приложи кон барањето:

  • Документ за регистрирана дејност од Централен регистар на Република Северна Македонија; 

  • Документ за вкупниот број на вработени во трговското друштво, од кои најмалку десет работници да биле во работен однос на неопределено време, најмалку шест месеци пред пријавување на трговското друштво на јавен повик; 

  • Образец М1/М2 за вкупниот број на вработени работници во трговското друштво, со преглед на пријави/одјави во задолжително социјално осигурување за друштвото, издаден од Агенцијата за вработување;

  • документ за бонитет издаден од Централниот регистар (Информација за економско финансиска состојба); 

  • Потврда од Управа за јавни приходи за платени даноци, придонеси и други јавни давачки; 

  • Потврда од Централен регистар на Република Северна Македонија дека не е поведена постапка за ликвидација и и постапка за стечај 

  • Референци на трговското друштво во земјата и странство, потпишани и заверени од работодавачот. 

Наведените документи не смеат да бидат постари од шест месеци од денот на издавањето, а се доставуваат во оригинал или копија заверена кај нотар во затворено плико. Во случај на доставување на заверена копија, барателот е должен да достави Изјава за веродостојност на документите заверена кај нотар.

Обрасци 

Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)

Министерство за труд и социјална политика, ул. Даме Груев бр.14, Скопје

Законски рок за постапување

Распределба на деташмани во рок од 15 дена од истекот на јавниот повик

Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)

/

Одговорен 

Сектор за политики од областа на трудовото право и политики за вработување -одделение за пазар на труд

Такса која се наплатува

250 денари

Повеќе информации на следниот линк

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }