Полагање на стручен испит за безбедност при работа

 

Вид на услуга/право Полагање на стручен испит за безбедност при работа
Законска основа за остварување на услугата/правото Членови: 17-а до 17-х Закон за безбедност и здравје при работа („Сл.весник на РМ“ бр. 92/07, 136/11, 23/13, 25/13, 137/13, 164/13, 158/14, 15/15, 129/15, 192/15, 30/16 и „Сл.весник на РСМ“ бр.18/20)
Потребни документи за остварување на правото/услугата Потребни се документи со кои се докажува исполнетоста на условите за полагање на стручен испит, утврдени во Член 17-а, Став 2 од Законот за безбедност и здравје при работа: Стручен испит може да полага лице кои ги исполнува следниве услови:
  • да е државјанин на Република Северна Македонија, 
  • да има живеалиште во Република Северна Македонија,
  • да има високо образование од заштита при работа, технички или друг отсек, кој одговара на дејноста на работодавачот (диплома за завршено четиригодишно високо образование или диплома со 300 кредити според европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС) 
  • со правосилна одлука да не му е изречна забрана за вршење професија, дејност или должност се додека траат последиците од забраната и 
  • да има најмалку пет години работно искуство по дипломирањето, во соодветната област за која е поднесено барањето за полагање на стручен испит
Обрасци  Пријава за полагање стручен испит
Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска) Поднесување на барањето е во Министерство за труд и социјална политика, ул. Даме Груев бр.14, Скопје. Полагањето на испитот е електронски, во испитен центар.
Законски рок за постапување 30 дена
Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа) Против решението на МТСП со кое е одбиено барањето за полагање на испитот, странката може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 30 дена од денот на приемот на решението
Одговорен  Сектор за политики од областа на трудовото право и политики за вработување
Такса која се наплатува Според Тарифникот за висината на трошоците за полагање на стручниот испит за безбедност при работа бр.08-9377/1 од 13.10.2015 година, е потребно да се уплати 6.000,00 денари на следната сметка: Назив на примачот: Трезорска сметка Банка на примачот: Народна банка на РСМ Сметка: 100000000063095 Сметка на буџетски корисник: 150026229463118 Приходна шифра: 725939 Програма: 19 Цел на дознака: Уплата за стручен испит забезбедност при работа
Повеќе информации на следниот линк https://mtsp.gov.mk/strucen-ispit-za-bezbednost-pri-rabota-ns_article-informacii-za-ispit-bzr.nspx Регистар на издадени уверенија за положен стручен испит за безбедност при работа (согласно член 17-у од Закон за БЗР) https://mtsp.gov.mk/dokumenti-bzr.nspx
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }