Основање на приватна агенција за вработување
Вид на услуга/право
|
Основање на приватна агенција за вработување
|
Законска основа за остварување на услугата/правото
|
Член 5 ставови (2) и (3) од Законот за приватните агенции за вработување (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 113/18 и 18/20) и Правилник за формата и содржината на образецот на барањето и потребната документација за основање на приватна агенција за вработување (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 173/18)
|
Потребни документи за остварување на правото/услугата
|
Приватна агенција за вработување може да основа физичко или правно лице. Физичко лице може да основа приватна агенција за вработување, доколку ги исполнува следниве услови:
Правно лице може да основа приватна агенција за вработување, доколку е регистрирано согласно со Законот за трговските друштва и ги исполнува условите утврдени со закон.
|
Обрасци
|
Барање за основање на приватна агенција за вработување
|
Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)
|
Министерство за труд и социјална политика, ул. Даме Груев бр.14, Скопје
|
Законски рок за постапување
|
30 дена
|
Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)
|
жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен
|
Одговорен
|
Сектор за политики од областа на трудовото право и политики за вработување-Одделение за труд
|
Такса која се наплатува
|
/
|
Повеќе информации на следниот линк
|
Листа на приватни агенции за вработување, согласно податоците содржани во Регистарот за приватни агенции за вработување
https://mtsp.gov.mk/registri-ns_article-privatni-agencii-za-vrabotuvanja-2.nspx
|