Издавање на одобрение за спроведување на обуки за стручно усовршување на стручни лица за безбедност при работа

 

Вид на услуга/право

Издавање на одобрение за спроведување на обуки за стручно усовршување на стручни лица за безбедност при работа

Законска основа за остварување на услугата/правото

Членови: 18-а и 18-б од Закон за безбедност и здравје при работа („Сл.весник на РМ“ бр. 92/07, 136/11, 23/13, 25/13, 137/13, 164/13, 158/14, 15/15, 129/15, 192/15, 30/16 и „Сл.весник на РСМ“ бр.18/20)

Потребни документи за остварување на правото/услугата

Потребни се документи со кои се докажува исполентоста на условите наведени во Член 18-а, Став 2, од Законот за БЗР:
Стручното усовршување го организираат и спроведуваат наставно-научни установи, државни органи, правни лица од областа на безбедност и здравје при работа (во понатамошниот текст:организатор), кои ги исполнуват следните услови да:

  • имаат најмалку две лица кои спровеле и одржале најмалку три обуки од областа на безбедност при работа на национално и меѓународно ниво,

  • имаат најмалку три години искуство во организирање на меѓународни и национални конференции од областа на безбедност при работа,

  • имаат донесено годишна програма за спроведување на обуки од областа на безбедност при работа, која особено содржи облици на стручно усовршување, критериуми за утврдување на бодови според видот на обуките и времетраењето на обуките и- имаат обезбедено просторија за одржување на обуките.

Обрасци

Не е утврден посебен образец. Се поднесува барање со потребните документи (докази)

локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)

Министерство за труд и социјална политика, ул. Даме Груев, бр.14, Скопје

Законски рок за постапување

30 дена

Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)

Против решението на МТСП, подносителот на барањето може да поднесе жалба во рок од 8 дена до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен

Одговорен 

Сектор за политики од областа на трудовото право и политики за вработување

Такса која се наплатува

/

Повеќе информации на следниот линк

Список на организатори на обуки за стручно усовршување на стручни лица за безбедност при работа (согласно член 18-б од Закон за БЗР)

https://mtsp.gov.mk/dokumenti-bzr.nspx

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }