Издавање на лиценци за привремени вработувања (типови А, Б, В и Г)

 

Вид на услуга/право

Издавање на лиценци за привремени вработувања (типови А, Б, В и Г)

Законска основа за остварување на услугата/правото

Член 9 од Законот за приватните агенции за вработување („Службен весник на Република Македонија“бр. 113/18 и 18/20)

Потребни документи за остварување на правото/услугата

За добивање на лиценца - А за привремени вработувања, приватната агенција за вработување треба да ги исполнува следниве услови: 

  • да има банкарска гаранција во висина од 50.000 евра во денарска противвредност, пресметана според средниот курс на Народната банка на Република Македонија,

  • да располага со деловен простор на иста локација во сопственост или под закуп, од најмалку 60м2, кој ги исполнува условите согласно со прописите за безбедност и здравје при работа и 

  • да има вработено најмалку шест лица на неопределено време со полно работно време. 

За добивање на лиценца - Б за привремени вработувања, приватната агенција за вработување треба да ги исполнува следниве услови:

  • да има банкарска гаранција во висина од 30.000 евра во денарска противвредност, пресметана според средниот курс на Народната банка на Република Северна Македонија, 

  • да располага со деловен простор на иста локација, во сопственост или под закуп, од најмалку 50м2, кој ги исполнува условите согласно прописите за безбедност и здравје при работа и 

  • да има вработено најмалку пет лица на неопределено време, со полно работно време. 

За добивање на лиценца - В за привремени вработувања, приватната агенција за вработување треба да ги исполнува следниве услови:

  • да има банкарска гаранција во висина од 20.000 евра во денарска противвредност, пресметана според средниот курс на Народната банка на Република Северна Македонија, 

  • да располага со деловен простор на иста локација, во сопственост или под закуп, од најмалку 40м2, кој ги исполнува условите согласно прописите за безбедност и здравје при работа и 

  • да има вработено најмалку четири лица на неопределено време, со полно работно време. 

За добивање на лиценца - Г за привремени вработувања, приватната агенција за вработување треба да ги исполнува следниве услови:

  • да има банкарска гаранција во висина од 10.000 евра во денарска противвредност, пресметана според средниот курс на Народната банка на Република Северна Македонија, 

  • да располага со деловен простор на иста локација, во сопственост или под закуп, од најмалку 20м2, кој ги исполнува условите согласно прописите за безбедност и здравје при работа и 

  • да има вработено најмалку две лица на неопределено време, со полно работно време. 

Банкарската гаранција од ставовите (1), (2), (3) и (4) на овој член, банката ја доставува непосредно до министерството надлежно за работите од областа на трудот.

Банкарската гаранција не може да се повлече за периодот на важењето на лиценцата и дополнителни три месеци по истекот на важењето на лиценцата, без согласност на министерството надлежно за работите од областа на трудот.

Обрасци 

Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)

Министерство за труд и социјална политика, ул. Даме Груев бр.14, Скопје

Законски рок за постапување

30 дена

Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)

жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен

Одговорен 

Сектор за политики од областа на трудовото право и политики за вработување-Одделение за труд

Такса која се наплатува

/

Повеќе информации на следниот линк

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }