Издавање на лиценци за посредување за вработување (во земјата, во странство и во земјата и странство)

 

Вид на услуга/право

Издавање на лиценци за посредување за вработување (во земјата, во странство и во земјата и странство)

Законска основа за остварување на услугата/правото

Член 11 од Законот за приватните агенции за вработување („Службен весник на Република Македонија“, бр. 113/18 и 18/20)

Потребни документи за остварување на правото/услугата

За добивање на лиценца за посредување за вработување во земјата, приватната агенција за вработување треба да ги исполнува следниве услови:

  • да располага со деловен простор на иста локација, во сопственост или под закуп, од најмалку 30м2, кој ги исполнува условите согласно прописите за безбедност и здравје при работа и 

  • да има вработено најмалку две лица на неопределено време, со полно работно време. 

За добивање на лиценца за посредување за вработување во странство, приватната агенција за вработување треба да ги исполнува следниве услови:

  • да располага со деловен простор на иста локација, во сопственост или под закуп, од најмалку 30м2, кој ги исполнува условите согласно со прописите за безбедност и здравје при работа и 

  • да има вработено најмалку две лица на неопределено време, со полно работно време. 

За добивање на лиценца за посредување за вработување во земјата и странство, приватната агенција за вработување треба да ги исполнува следниве услови:

  • да располага со деловен простор на иста локација, во сопственост или под закуп, од најмалку 40м2, кој ги исполнува условите согласно прописите за безбедност и здравје при работа и 

  • да има вработено најмалку три лица на неопределено време со полно работно време

Обрасци 

Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)

Министерство за труд и социјална политика, ул. Даме Груев бр.14, Скопје

Законски рок за постапување

30 дена

Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)

жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен

Одговорен 

Сектор за политики од областа на трудовото право и политики за вработување-Одделение за труд

Такса која се наплатува

/

Повеќе информации на следниот линк

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }