09.06.2022

Заменик министерот Хусејин учествува на 25. Eвроазиски Економски Самит во Истанбул, Турција

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин учествува на 25. Eвроазиски Економски Самит организиран од страна на Фондацијата Мармара (Marmara Group Fondation), во Истанбул, Турција.

Заменик министерот се обрати во втората сесија од Eвроазискиот економски самит на тема ,,Нова Енергетска Економија-Повеќе дигитален свет- Повеќе Зелен Свет", каде што се осврна на политиките и мерките за енергетска ефикасност, како и на Програмата за реализација на Стратегијата за развој на енергетиката 2021-2025 година.

Во своето обраќање Хусејин потенцираше дека визијата на Стратегијата за развој на енергетиката со која се предвидува намалување на потрошувачката на енергија за 27% е воспоставување на сигурен, ефикасен, еколошки и конкурентен енергетски систем што е способен да го поттикне одржливиот економски раст на земјата. Истовремено се влијае на зголемување на БДП и зголемување на учеството на обновливи извори на енергија од сегашните 18 на 45% во 2040 година.

„Зеленото сценарио од енергетската стратегија во 2025 година покажуваат значаен напредок кон енергетската транзиција. Според ова сценарио, во 2025 година се предвидени заштеди во финалната потрошувачка на енергија од 12,7%. Зависноста од увоз се предвидува да достигне 72%, што се должи пред се на можното затворање на ТЕ Битола и отворањето на нови капацитети за производство на електрична енергија од природен гас кое пак е увезено гориво, но од  друга страна ова ќе придонесе за намалување на емисиите на стакленички гасови“, рече Хусејин.

Тој посочи дека Северна Македонија може да има корист од зголемениот пристап до средствата кои ја поддржуваат зелената енергија. Вкупната вредност на инвестициите во енергетскиот сектор, во согласност со Програмата за реализација на Стратегијата за развој на енергијата 2021-2025 година, е околу 4,7 милијарди евра, што ја означува просечната годишна вредност на планираните инвестиции во износ од околу 940 мил. евра, што е во согласност со Стратегијата за развој на енергијата на Република Северна Македонија до 2040 година.

„Меѓу различните форми на привлекување приватен капитал за финансирање на развојот на енергетскиот сектор, јавно-приватно партнерство (ЈПП) има посебно место. Затоа, потребно е Владата брзо да започне процес на имплементација на препораките на Светска банка за рамката na ЈПП во Република Северна Македонија, преку усвојување на политика и стратегија за ЈПП на високо ниво, одделување на концесии за ископини од постојниот Закон за ЈПП, зајакнување на капацитетот на Министерството за економија за објективна проценка на проектите за ЈПП, зајакнување на капацитетот на Министерството за финансии за проценка на фискалните импликации на ЈПП и градење на капацитети за развој и управување со проекти спроведени преку ЈПП во единиците на локалната самоуправа и обезбедување транспарентност во целокупниот процес“, информираше Хусејин.

Тој истакна дека со спроведување на политиките и мерките за Енергетска ефикасност финалната потрошувачка на енергија ќе се приближи до побарувачката на корисна енергија, така што во 2025 година тие ќе бидат скоро на исто ниво во секторот домаќинства. Притоа го истакна значењето на финансиската поддршка наменета за земјите на Западен Балкан за имплементација на т.н. Зелена агенда.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }