20.07.2022

Заменик министерот Енвер Хусејин на билатерална средба со членови на Владата на Косово

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин учествуваше на билатералниот тематски состанок на членови на Владите на Р.Косово и Р.С.Македонија. Тема на состанокот беше меѓуинституционалната иницијатива за трајно решавање на проблемите на раселените лица од Косовската криза,позната како „Скопски Процес".

Заменик министерот во својот говор истакна дека воспоставувањето на можноста раселените лица за одредени документи да можат да аплицираат и да ги подигнат документите во Рамки на Косовската амбасада во Северна Македонија ќе биде олеснителна одговорност. Исто така ослободувањето од со закон пропишаните давачки за добивање на одредени лични документи би било исто така од големо значење за овие лица.

„Меѓуинституционалната иницијатива за трајно решавање на проблемите на раселените лица од Косовската криза, попозната како „Скопски процес“ има за цел изнаоѓање на решенија за проблемите со кои се судруваат раселените лица на територија на Северна Македонија, Црна Гора и Србија. Треба да се истакне дека Северна Македонија, се карактеризира со релативно мал број на лица“, рече Хусејин.

Карактеристично за оваа категорија на лица од Косово која престојуваат долги години на територија на РСМ е тоа што поголем број од овие лица имаат поднесено барање за добивање на Македонско државјанство, каде во случаевите на комплетност на документацијата и исполнување на условите истите се стекнуваат со македонско државјанство.

Заменикот Хусејин, изрази задоволство од интересот за решавање на ова прашање кое е во најдобар интерес за граѓаните кои долги години живеат во Северна Македонија. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }