Учество на Република Северна Македонија во програмата „Граѓани, еднаквост, права и вредности" на Европската унија

Министерството за социјална политика, демографија и млади ја информира јавноста дека Република Северна Македонија учествува во програмата „Граѓани, еднаквост,права и вредности" (Citizens, Equality, Rights and Values”-CERV) на Европската унија, за сите приоритетни области освен  „Вредности на Унијата“, согласно Спогодбата за учество потпишана на 24 јуни 2025 година, која се применува од 1 јануари 2025 година.

Оваа информација е достапна во официјалниот документ на Европската комисија: https://ec.europa.eu/info/funding-tenders/opportunities/docs/2021-2027/cerv/guidance/list-3rd-country-participation_cerv_en.pdf

Програмата „Граѓани, еднаквост,права и вредности" е најголем финансиски инструмент на Европската унија посветен на заштита и унапредување на фундаменталните права, вредности и демократија. Таа има за цел унапредување на владеењето на правото, еднаквоста и недискриминацијата, како и поттикнување на активно учество на граѓаните во демократските процеси.

Вклучувањето на Северна Македонија овозможува институциите, граѓанските организации, универзитетите и другите релевантни чинители да аплицираат со свои проекти и да соработуваат со европски партнери во заеднички иницијативи.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.