08.02.2023

Тренчевска: Заедно можеме да овозможиме потешко вработливите лица да бидат поконкурентни на пазарот на труд

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна со претставниците Петрица Дулгеру, извршен директор на мрежата РЕДИ, Кристина Маријан, директорка за партнерства во РЕДИ, Асиб Зекир, директор на РЕДИ за рециклирање и зелени иницијативи и независниот експерт, Мила Царовска. 

Разговорот на почетокот од средбата беше со акцент на минатогодишните достигнувања како резултат на соработката на Министерството за труд и социјална политика и РЕДИ.

Во текот на 2021 и 2022 година беше спроведена Програмата за Дигитализација и формализација. Беа спроведени обуки со цел 50 бизниси раководени од Роми да се трансформираат од традиционален бизнис во дигитален бизнис.

Министерката Тренчевска за време на средбата истакна дека потребно е ранливите категории на граѓани особено на невработените да им се овозможат услови за преквалификација и полесно вклучување на пазарот на трудот.

Состанокот беше затворен со потврдување на заложбите за нови зелени работни места како и потребата од зелена економија.

Присутните се согласија дека токму лицата кои имаат помали шанси за вработување треба да бидат дел од зелената агенда на Владата на Република Северна Македонија како и на Здруженијата кои се занимаваат со ова прашање во државата.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }