05.09.2023

Тренчевска за МРТВ 1: Насочени сме кон добри политики и мерки кои ќе го задржат пензискиот систем стабилен

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска беше гостин во тема на денот на МРТВ 1, каде што зборуваше за актуелностите околу пензиите.

„Утре започнува со работа работната група која ќе работи на измени или ново законско решение за пензиско и инвалидско осигурување за минимална пензија и социјални мерки за пензионерите со ниски пензии. Ќе се разгледуваат сите пристигнати предлози од здруженија на пензионери, од иницијативни одбори на пензионери кои протестираат, партија на пензионери и други чинители,“ посочи Тренчевска.

Министерката посочи дека заклучоците на работната група ќе бидат доставени до Владата која ќе донесе конечна одлука.

„Секоја политика која нема да биде добра и ќе оди на товар на буџетот Фондот, ќе го зголеми дефицитот на пензискиот систем, затоа насочени сме кон добри политики и мерки кои ќе го задржат пензискиот систем стабилен и за овие 336.000 пензионери и за идните генерации на пензионери,“ истакна Тренчевска.

Министерката посочи дека како и претходно и сега ќе се креираат мерки во чиј фокус ќе бидат пензионерите со пониски пензии, како и оние кои живеат сами. 

„Пензионерите да бидат спокојни, пензиите ќе продолжат да се исплаќаат редовно, секој први во месецот,“ порача Тренчевска.

Во врска со пензиите во регионот министерката истакна дека во однос на минималната пензија многу земји се зад нас, односно имаат пониска минимална пензија од нашата држава. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }