01.06.2022

Тренчевска: Вложуваме во квалитетно предучилишно воспитание, тоа е клучно за правилниот раст и развој на децата

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска на Меѓународниот ден на децата присуствуваше на завршната приредба подготвена од страна на мини матурантите од  ЈОУДГ Фидани“, Општина Чаир.

Околу 240 дечиња од Јавната установа  „Фидани“ кои доаѓаат од 5 објекти, го заокружуваат предучилишниот процес и веќе од септември ќе седнат во училишните клупи.

„Завршувањето на деновите поминати во детската градинка и подготовката за влезот во училиштето е голем чекор напред за овие млади индивидуи, кои продолжуваат да се искачуваат по скалилата кои живот значат. А токму градинката е местото каде што тие се стекнаа со знаења за светот кој ги опкружува. За почитувањето на различностите, за културата и обичаите, за животниот и растителен свет, за заштитата на животната средина. Низ игра учеа за значењето на другарството, за хуманоста и за тоа дека секој еден е важен, а сите ние сме парчиња на мозаикот наречен општество“, рече Тренчевска.

Таа ја истакна улогата на стручниот кадар, воспитувачките и негователките, кои се грижат децата да се стекнат со квалитетно предучилишно воспитание.

Министерката Тренчевска, рече дека за Владата и Министерство за труд и социјална политика предучилишното згрижување и воспитание е приоритет, а за тоа говорат фактите дека од 2017 година досега изградени се 69 детски градинки ширум државата, а со тоа обезбеден опфат на нови 4300 деца.

До крајот на годината предвидено е отворање на 13 објекти на територијата на целата држава со опфат на околу 1360 деца, и дополнително 15 градинки кои се во тек и се планирани да се отворат во 2023 година со вкупен капацитет за 1.905 деца. На ниво на град Скопје од 2017 година до денес  отворени се 17 детски градинки, а во тек е изградба на 6 нови градинки, за околу 1000 деца.

Министерката им ја честиташе мини матурата на децата и им посака многу успех во понатамошниот живот. Истовремено го честиташе и Меѓународниот ден на децата.

„Патувајте, сонувајте и нека небото ви биде лимит“, порача Тренчевска.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }