18.07.2022

Тренчевска: Продолжуваме да се залагаме за унапредување на квалитетот на живот на лицата со оштетен слух

Министерката за труд и социјална политика денеска се сретна со претставниците на Националниот сојуз на глуви и наглуви. За време на средбата се разговараше за стандардизација на знаковниот јазик, право на толкувачи за лицата кои се целосно глуви, покачување на додатокот за попреченост како и обезбедување услови за инклузија во градинките за дечињата со оштетен слух.

„Како Министерство за труд и социјална политика секогаш сме спремни да ги направиме потребните чекори кон унапредување на квалитетот на живот на лицата со попреченост. Целиме кон тоа да носиме решенија на долг рок за барањата кои се пред нас и предизвиците кои што произлегуваат од истите. За да пристапиме кон решавање потребни се поголем број на информации кои ќе ни послужат при доставување на трајни решенија“ посочи Тренчевска.

Министерката истакна дека треба да се пристапи кон изработка на нацрт активности кои што ќе вклучуваат, временски рок, финансиска конструкција како и стратегија.

„Инклузијата во градинките е наш приоритет, затоа секогаш е од особена важност да располагаме со реалната слика за предизвиците со кои се соочуваат децата со попреченост во детските јавни установи“ изјави Тренчевска.

Тренчевска се осврна и на можноста преку Оперативниот план на активни мерки и програми лицата со оштетен слух да се вклучат на пазарот на трудот со цел подобрување на нивниот животен стандард како и нивни излез од социјален ризик.

На крајот од средбата Министерката и претставниците од Сојузот се согласија на понатамошна меѓусебна соработка која ќе оди во прилог на лицата со оштетен слух.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }