31.07.2024
Средба Лимани-Ивановиќ-Кастаред
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, денес одржа важна средба со раководителката на канцеларијата на UN Women во Скопје, Весна Ивановиќ-Кастаред.
За време на оваа средба, двете страни ја истакнаа важноста од продолжување на интензивната и заедничка соработка во иднина, со цел постигнување позитивни резултати. Средбата се фокусираше на клучни теми поврзани со родовата еднаквост, зајакнување на жените и нивната позиција во општеството на Република Северна Македонија во целина, при што посебен акцент беше ставен на родово одговорното буџетирање.
Министерот Лимани ја изрази својата подготвеност да се посвети на сите процеси што придонесуваат за напредување и заштита на позицијата на жената во општеството, вклучувајќи го спречувањето и заштитата од дискриминација, како и заштитата од родово базирано насилство и секој вид на насилство. Тој истакна дека Министерството е максимално ангажирано да помогне во создавање на околина каде што жените можат да се чувствуваат безбедно и зајакнато.
Од своја страна, раководителката на UN Women во Скопје, ВВесна Ивановиќ-Кастаред, високо ја оцени соработката и напорите на Министерството во областа на родовата еднаквост. Таа истакна дека оваа соработка е една од најдобрите на ниво на владините институции во Северна Македонија, помагајќи во зајакнување на позицијата на жената во општеството.
Двете страни потенцираа дека соработката ќе продолжи и ќе се продлабочува во иднина. Оваа интензивирана соработка се очекува да помогне во изградба на праведно и еднакво општество, каде жените ќе имаат силна и сигурна улога.