13.09.2021

Шахпаска: Со измените во Правилникот за исхрана придонесуваме за правилен раст и развој на децата во градинките  

Денеска работната група формирана со цел ревидирање на Правилникот за нормативи и стандарди за исхрана во градинките го одржа првиот работен состанок во Клубот на пратеници.

Иницијативата е на Министерството за труд и социјална политика во соработка со компанијата Ново Нордиск и поддршка на УНИЦЕФ. На состанокот се разговараше за изнаоѓање на најдоброто решение за составот на менито во детските градинки.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на работниот состанок потенцираше дека квалитетната исхрана не е важна само за одржување на доброто здравје, туку е суштинска за правилен физички и ментален развој особено кај децата во првите пет години од животот.

„Предизвиците со исхраната кај најмладата популација како глобално прашање се присутни и во нашата земја. Од една страна е проблемот на неухранетост, кој иако со ниско ниво е присутен и кај нашите деца, а од друга страна се прекумерната тежина и дебелината за кои податоците покажуваат дека имаат растечки тренд кај децата во земјата. Правилната исхрана има клучно влијание не само врз физичкиот развој на децата туку и врз когнитивниот, емотивниот и социјалниот развој и способноста за учење. Исхраната не е грижа само на поединецот, туку и на целото општество. Затоа, стекнувањето на добри навики на исхрана во градинките придонесува за здравјето на децата“, рече министерката Шахпаска.

Во насока на правилен раст и развој кај децата, министерката посочи дека е потребен мултидисциплинарен пристап, кој ќе обезбеди целосна промена на навиките. За таа цел се формираше работна група која е составена од членови на Институтот за јавно здравје, Стоматолошкиот факултет, Универзитетската клиника за детски болести, од Природно математичкиот факултет од каде и доаѓа експертот за нутриционизам.

Покрај ревидирање на Правилникот за нормативи и стандарди за исхрана во градинките, предвидена е и едукација на децата, родителите и вработените во градинките со цел обезбедување на поголема грижа и превенција на здравјето додека престојуваат во градинките но и дома, во секојдневни и во услови на пандемија.

Присутните членови на работната група ја поздравија инцијативата на министерството и изразија подготвеност за соработка со цел унапредување на исхраната на децата од најмала возраст.

На денешниот работен состанок беше избран и координатор на работната група за ревидирање на Правилникот за исхрана на децата во градинките, чија функција е да ги сублимира сите пристигнати предлози од членовите и да прибира искуства од други земји. Последната промена Правилникот беше направена во 2014 година.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }