31.05.2021

Шахпаска: Ново мени во детските градинки и едукација за создавање на здрави навики уште во најраното детство 

„Соработката која ја започнуваме со Ново Нордиск, УНИЦЕФ и Институт за јавно здравје ќе резултира пред сè со подготовка на ново мени за исхрана во детските градинки. Но, уште поважен е процесот на прифаќање и едукација на вработените во градинките, родителите и децата за важноста и потребата од исфрлање на лошите навики во исхраната и поголем внес на свежи и здрави намирници”, истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешниот состанок на кој присуствуваа првата дама, Елизабета Ѓоргиевска, претставници од УНИЦЕФ, Институт за јавно здравје, Министерството за труд и социјална политика и фармацевтската компанија Ново Нордиск.

На состанокот, првата дама, осврнувајќи се на нејзината професионалност, стоматологијата, посочи дека оралното здравје е значаен елемент во зачувувањето на општото здравје и секако дека за тоа најважна улога има токму исхраната. Со оглед на фактот што Министерството за труд и социјална политика континуирано работи на превенција и грижа на здравјето и растот на децата кои посетуваат детски градинки, оваа иницијатива за промоција на добри навики во исхраната во градинките може да доведе до значителен придонес кон целокупниот развој на детето и да го прекине меѓугенерацискиот циклус на лоши прехрамбени навики. 

“Свесни сме дека за успех на проектот најпрво е потребно запознавање, едукација, прифаќање, па дури потоа доаѓаат промените. За среќа, Данското министерство за труд и социјална политика има одличен успешен проект за исхрана во градинките и несебично ни ја понудија својата помош во однос на практиките и позитивното искуството. Наша цел е децата да умеат да препознаат што е добро и што е здраво.” - истакнаа претставниците на фармацевтската компанија Ново Нордиск.

Соговорниците изразија подготвеност за плодна соработка во периодот кој следува и уверување дека овој проект нема инстант резултати, но  предвидува долгорочни резултати во однос на здравјето на децата. Преку овие промени ќе се превенира дијабетот, кариесот, обезноста, што земаат сè поголем замав меѓу најмладата популација. Затоа што, присуството на овие состојби покажува дека постои одредено ниво на неизбалансираност на исхрана кај најмладите. Ова е сериозен предизвик за кој е потребен сериозен пристап. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }