18.11.2025
Сабриу: Младите луѓе ја создаваат иднината
Државниот секретар на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу се обрати на дводневната регионална конференција: „Младите од Западен Балкан и Европската Унија: Ја обликуваме нашата заедничка иднина“.
Конференцијата се одржува на 18 и 19 ноември во Скопје и онлајн.

Целта на конференцијата е да обезбеди можност за младите, граѓанските организации, носителите на одлуки, експертите и другите засегнати страни од Западен Балкан да ги претстават приоритетите и предизвиците со кои се соочуваат младите во процесот на европска интеграција.
Во своето обраќање, државниот секретар Сабриу ја истакна клучната порака дека младите луѓе одамна не се само „иднината“, туку „сегашностa која веќе ја движи нашата заедница напред“.
„Процесот на европска интеграција не е само техничка процедура, туку општествена трансформација која мора да ги вклучи младите од самиот почеток,“ истакна Сабриу.
Државниот секретар Сабриу нагласи: ”Како Министерството за социјална политика, демографија и млади, силно веруваме во интегрирани политики кои создаваат реални можности за развој. Работиме да изградиме систем во кој секој млад човек ќе може да најде поддршка–од образование и вработување, до учество во процесите на одлучување”.

“Она што е есенцијално е дека ниеден систем не може да успее ако младите не се дел од неговото создавање”, акцентираше Сабриу.
Со мотивирачката порака: “И запомнете: иднината не доаѓа сама по себе! Вие сте оние кои ја создаваат!”, државниот секретар го заврши своето обраќање.