Регионална конференција: „Предизвици во областа на трудот и социјалната инклузија на лицата со попреченост во Западен Балкан“
На 14.05.2025 година (среда), со почеток во 11.30 часот, во хотел Лимак, Скопје, заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски ќе ја отвори регионалната конференција со наслов: „Предизвици во областа на трудот и социјалната инклузија на лицата со попреченост во Западен Балкан“.
Конференцијата е во рамките на регионалниот проект „EMPOWERED – Инклузија на лица со попреченост, регионална соработка и развој во Западен Балкан“, финансиран од Сојузното министерство за економска соработка и развој на Сојузна Република Германија (BMZ).
Конференцијата е во заедничка организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади на Република Северна Македонија и Arbeiter-Samariter-Bund Deutschland e.V. – Канцеларија за Југоисточна Европа (ASB SEE), во партнерство со локални и регионални чинители од шест земји.