10.04.2025

Работен состанок на министерот Лимани и заменикот Велковски со директорите на центрите за социјална работа и установите за социјална заштита 

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заменик министерот Ѓоко  Велковски и дел од Кабинетот одржаа работен состанок со директорите на Центрите за социјална работа и на јавните установи за социјалната заштита.

Од страна на министерот Лимани беше посочено дека ваквиот тип на состаноци ќе станат редовна пракса, но ќе се организираат и редовни посети на центрите за социјална работа и установите со цел заеднички да се разгледаат тековните предизвици со кои се соочуваат  институциите од социјална заштита, да се разменат искуства, и  што е најважно, нагласи министерот Лимани, да се договорат конкретни чекори за подобрување на системот.

Дискусијата се одвиваше за неколку клучни прашања, како настанот во Прилеп и изложеноста на социјалните работници на предизвици вршејќи ги своите работни задачи, при што министерот информираше дека постапката за физичко обезбедување е во крајна фаза.

На состанокот стана збор и за подобрување на условите за работа, плановите за реновирање на центрите, потребата од нови вработувања, раст на платите во социјалната заштита и имплементација на SWIS системот.

„Социјалните работници се двигатели на промените во општеството и нивната улога е неприкосновена.  Министерството стои на располагање за целосна поддршка и соработка со цел заедно креираме политики и мерки кои ќе обезбедат поквалитетни социјални услуги за граѓаните, но и задоволни и мотивирани вработени, порача Лимани.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }