29.04.2021

Проектот „Онлајн сервисна служба“, обезбедува поддршка од далечина за децата и младите со попреченост

Поттикнати од пандемијата предизвикана од Ковид-19, Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“, со поддршка од УНИЦЕФ и во соработка со Министерството за труд и социјална политика неделава отпочнаа да го пилотираат проектот Онлајн сервисна служба. Овој пилот-проект претставува надоврзување на платформата Онлајн сервисна служба, којашто веќе една година успешно функционира и дава поддршка од далечина на деца со попреченост од 2 до 15 години од целата држава.

„Од една страна мотивирани од успешноста на нашата платформа Онлајн сервисна служба, поддршана од УНИЦЕФ преку која изминативе 12 месеци имаме вклучено 228 корисника, од нив 43 успешно ги имаат надминато тешкотиите, а 185 сѐ уште се на платформата и активно работат со нашите специјални едукатори и логопеди, а од друга, пак, по спроведените промоции и тркалезни маси на кои учествуваа претставници од дневни центри, градинки и други институции, решивме дека нашиот модел за работа од далечина може да биде корисна алатка и за други институции, пред сѐ дневните центри и градинките. Затоа во повторно во соработка со УНИЦЕФ и со поддршка од МТСП, го отпочнуваме пилот-проектот Онлајн сервисна служба во кој ќе бидат вклучени поголем број градинки и дневни центри, којшто ќе даваат поддршка од далечина на децата и младите со попреченост вклучени во нив. Оваа платформа за давање поддршка од далечина не претставува комплетно исклучување на работата со физичко присуство, туку претставува едно комплементарно онлајн средство што ќе обезбеди континуитет во работата на децата со попреченост со стручните лица. Платформата што ќе се тестира од страна на стручните лица од повеќе градинки и дневни центри низ државата има потенцијал да се користи и во отсуство на пандемија, со тоа што услугите на дневните центри и на стручните лица од градинките ќе може да се понудат и на оние деца со попреченост и нивни семества што живејат во рурална средина или поради некоја здравствена состојба не се во можност физички да присуствуваат во дневниот центар/градинката.“ велат од здружението „Отворете ги прозорците“.

Овој пилот проект се спроведува во 3 фази, и тоа: Неделава започна спроведување на еднодневни обуки за користење на платформата за стручни лица од градинки и од дневни центри, како и информативно предавање за Центрите за социјална работа и локалните самоуправи;

Потоа од почетокот на мај до почетокот на август следи 12 неделен период на инкубација, време во кое обучените стручни лица ќе ја користат платформата, а се менторирани од Здружението „Отворете ги прозорците“;

И на крајот има период на евалуација каде што ќе се оцени бенефитот од оваа онлајн работа за стручните лица и децата и младите со попреченост.

Преку следниот линк може да ја посетите нашата платформа за да научите повеќе за неа: https://servisnasluzba.mk/

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }