16.06.2025

Повикот за доделување на Награда за младинско учество е отворен – младите и младинските организации може да аплицираат до 30 Јуни

Министерство за социјална политика, демографија и млади (МСПДМ) во соработка со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) ја доделуваат овогодинешната Награда за младинско учество. 

Наградата се доделува во три категории:

  • индивидуална категорија (млади на возраст 15-29); 
  • категорија за неформални групи на млади (од најмалку 3 членови) и 
  • категорија за младински организации, организации за млади и чадор младински организации. 

Наградата има за цел да го препознае и валоризира трудот на младите при адресирање на различни општествени прашања. Истата ќе биде доделена за активности и иницијативи што номинираните лица ги реализирале во периодот јуни 2023 – мај 2025.

Висината на Наградата за младинско учество по категории е  следната:

  • 1,000 EUR за индивидуална категорија;
  • 3,000 EUR за неформални групи на млади и
  • 3,000 EUR за младински организации.

Рокот за поднесување на номинации е од 16 до 30 јуни, 2025 година.

За условите и критериумите за Наградата за младинско учество повеќе детали на следниот линк: https://www.mtsp.gov.mk/content/pdf/2025/mladi_oglasi/nagrada_mladinsko_ucestvo.pdf

Поднесувањето на вашата номинација можете да го направите на следниот линк:

НОМИНАЦИЈА ЗА НАГРАДА ЗА МЛАДИНСКО УЧЕСТВО 2025

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.