07.04.2025
Посета на министерот Лимани и заменик министерот Велковски на Заводот за заштита и рехабилитација–Бања Банско
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и заменик министерот Ѓоко Велковски ја посетија Јавната Установа Завод за заштита и рехабилитација–Бања Банско, Струмица, установа која згрижува, негува, едуцира и рехабилитира лица со телесен инвалидитет.

Во моментов во заводот се сместени 45 корисници на возраст од 19 – 69 години.
Целта на посетата беше увид во условите и грижата на корисниците, но и условите за работа на вработените во заводот.

На средбата се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат и можностите за нивно надминување.
Во Заводот е започната деинституционализацијата, како процес на премин од институционална кон грижа во заедницата. Седум корисници го замениле институционалното со самостојно живеење со поддршка. Соговорниците разговараа за можностите за продолжување на овој процес.

Грижата за ранливите категории на лица е приоритет на Министерството за социјална политика, демографија и млади, во таа насока ќе продолжат сите активности кои имаат за цел унапредување на социјалните права и услуги за нашите граѓани.