08.04.2025

Младите луѓе можат да водат и да го засилат одржливиот развој

Седумдесет млади луѓе, претставници на младински совети, организации, како и претставници на локалните и централните власти и на семејството на Обединетите нации (ОН) се во Охрид, каде што ги разменуваат најдобрите практики за забрзување на агендите на младите, мирот и безбедноста и жените, мирот и безбедноста.

Кога ќе им се даде шанса, младите луѓе можат да ги водат и реенергизираат своите заедници кон помирна, просперитетна, еднаква и позелена иднина за сите. Ова беше заклучокот од дискусиите на првиот ден од дводневната регионална конференција „Патеки до Mладите, мирот и безбедноста (YPS) и Жените, мирот и безбедноста (WPS): Регионални перспективи, искуства и знаење“, што се одржува во Охрид (8-9 април 2025 година).

„Локалните младински совети, на пример, се одлична алатка за имплементација на агендата за Млади, мир и безбедност на локално ниво. Тие се форма на соработка помеѓу младите луѓе и локалните носители на одлуки и го подобруваат младинското учество. Локалните младински совети можат да ги канализираат идеите на младите и да придонесат за попријателски политики кон младите“, рече Игор Јосифоски, претседател на Младински совет Охрид.

Оваа конференција го означува почетокот на втората фаза од регионалниот заеднички проект на ОН „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“, што се фокусира на зајакнување на младите луѓе, за тие да поттикнат позитивни промени и поголема социјална кохезија во општествата и заедниците во кои живеат низ целиот регион.

„Младите и жените се незаменливи столбови на позитивни промени во современото општество, а како Влада сме длабоко посветени на нивно активно вклучување во процесите на мир и безбедност“, вели Фатмир Лимани, Министер за социјална политика, демографија и млади.

„Преку Националната стратегија за млади 2023-2027 и Акцискиот план 2023-2025, Северна Македонија воспостави цврсти основи за интегрирање на младите во сите аспекти на општествениот живот, со посебен акцент на нивната улога во градењето мир и стабилност. Продолжуваме со нашата интензивна соработка со меѓународните партнери за постигнување на глобални цели за мир, безбедност и еднакви цели.“

Оваа година се одбележува 10-годишнината од агендата за Mлади, мир и безбедност (YPS) и 25-годишнина од агендата за жени, мир и безбедност - клучни пресвртници во унапредувањето на инклузивното градење мир и одржливиот развој. Целта на конференцијата е да се олесни меѓурегионалната размена на најдобри практики, искуства и знаења за спроведувањето на агендата на YPS/WPS.

„Едноставно не можеме да зборуваме за просперитет, еднаквост, вклученост и доверба, освен ако на секој млад човек и на секоја жена не им се дадат еднакви можности да го искористат својот целосен потенцијал“, вели Рита Колумбија,Постојан координатор на ОН. „Кога ќе им се даде шанса, младите луѓе можат да придонесат да го водат патот напред. Затоа, од клучно значење е да се овластат да поттикнат локален одговор, обновувајќи ги и зајакнувајќи ги нивните заедници и земји за одржлив развој.“

За Афродита Шаља, шефица на канцеларијата на УНФПА, регионот се соочува со динамични демографски промени, вклучително и пониски стапки на фертилитет, зголемена имиграција на младите и стареење на населението.

„Овие демографски предизвици бараат мултисекторска соработка, обезбедување финансиска и економска стабилност и промовирање на мирот, соработката и политичката стабилност. Како клучен партнер за младите луѓе во регионот, УНФПА го поддржува развојот на политики, заеднички иницијативи, градење мир, борба против говорот на омраза, промовирање на одговорност, владеење на правото и зајакнување на младите луѓе да се спротивстават на насилството“, рече Шаља.

Ана Чернишова, заменичка на Постојаниот претставник на УНДП, смета дека клучот за надминување на предизвиците со кои се соочуваат младите во регионот е да се инвестира во образованието и социјалната кохезија, а истовремено да се изгради доверба во институциите.

„Регионалните собири се добра платформа за размена на најдобри практики, искуства и знаења. Ќе бидеме среќни да извлечеме конструктивни заклучоци што исто така ќе влијаат на политиките во регионот“, рече Чернишова. „Денес сме собрани на тема на која УНДП активно работи преку различни акции, особено фокусирани на намалување на ризикот од катастрофи. Важни примери се поддршката за креирање на Националната стратегија за млади 2023-2027 година, зајакнување на младите преку програмитет Самовработување и Младинската гаранција со фокус на младите што не се вклучени во образование, вработување или обука.“

Друга цел на конференцијата „Патеки до млади, мир и безбедност и жени, мир и безбедност: регионални перспективи, искуства и знаење“ е да послужи како платформа за стратешка координација. Покрај младите, на конференцијата се собираат и претставници од семејството на ОН, како и од други донатори и меѓународни организации.

На заедничкиот проект на ОН „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“, во соработка, УНДП, УНФПА, УНЕСКО, UN Women и релевантните партнери од јавниот сектор, медиумите, граѓанското општество, академијата и културата работат заедно со младите на зголемување на разбирањето и почитувањето на различностите во регионот, финансиски поддржани од Фондот за градење мир на Генералниот секретар на ОН.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }