09.06.2025

Министерството за социјална политика, демографија и млади стана првата јавна институција со веб-страница достапна за лицата со попреченост

Министерството за социјална политика, демографија и млади стана првата јавна институција која има целосно пристапна веб-страница за лицата со попреченост, во согласност со Европската директива EN 301 549 и стандардите WCAG 2.1.

Ова претставува историски чекор кон дигиталната инклузија и еднаквост. Со поддршка на тимот од AccessWay, овозможивме веб- страницата на министерството да стане  достапна за сите корисници, вклучително и за лицата со визуелна, моторна или когнитивна попреченост.

Ова исклучително достигнување испраќа силна порака - Инклузијата започнува од пристапот!

Министерството ги повикува сите јавни институции да го следат овој инспиративен пример.

Заедно можеме да изградиме општество и иднина што ќе биде поправична, поеднаква и поинклузивна за сите.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.