07.06.2022

Министерката Тренчевска ќе учествува на Меѓународната конференција на трудот во Женева 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска отпатува за Женева, Швајцарија, каде ќе учествува на 110-тата Меѓународна конференција на трудот, која е највисокото тело за одлучување на Меѓународната организација на трудот, чијашто членка е и Република Северна Македонија.

Секоја година во јуни, оваа конференција ги собира трипартитните делегации од 187 земји-членки на Организацијата.

Делегацијата на Република Северна Македонија, ја предводи министерката Тренчевска и согласно правилата на МОТ, делегацијата е составена од два делегати на Владата и по еден претставник од репрезентативниот синдикат на национално ниво и претставник на репрезентативното здружение на работодавачи на национално ниво. Годинава, тоа се претставници од Сојузот на синдикатите на Македонија и Организацијата на работодавачи на Македонија, кои се и членови на Економско - социјалниот совет.

Делегацијата на Република Северна Македонија на оваа конференција, учествува на втората, пленарна недела на конференцијата.

Покрај обраќањето на министерката на Меѓународната конференција на трудот, планирани се и средби со претставници на делегации од други земји членки на Меѓународната организација на трудот.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }