09.04.2025

Лимани од Тирана: Бележиме позитивни резултати во политиките за деца, но продолжуваме со меѓународните пријатели да работиме на ЕУ гаранцијата за деца

Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани заедно со дел од неговиот Кабинет учествуваше на регионална конференција во Тирана, Република Албанија со наслов - Унапредување на реформите за грижата за децата – можности врз основа на рамката за детска гаранција на ЕУ.

На конференцијата на која се обрати и премиерот на Република Албанија, Еди Рама, учество земаа министри и делегации на земјите од регионот и пошироко.

Во своето обраќање пред присутните министерот Лимани го посочи напредокот на Северна Македонија во изминатиот период, а се однесува на темата на конференцијата. 

„Oдбележуваме пет години откако се стави крај на институционализација на децата во големи установи. Реформата опфати промени во системот на социјална и детска заштита, вклучувајќи законски измени и усвојување на Стратегијата за деинституционализација 2018–2027. Реформите беа втемелени во меѓународните стандарди за правата на децата, вклучувајќи ги Конвенцијата за правата на детето, Конвенцијата за правата на лицата со попреченост и Насоките на Обединетите нации за алтернативна грижа за децата. Наш приоритет останува зајакнување на роднинското згрижување  и згрижувачките семејства, како и поддршка на семејствата за да се спречи разделување на децата од нивните родители,“ посочи Лимани. 

Тој се осврна и на отворањето на Центрите за поддршка на згрижувачите кои се покажаа како значаен чекор напред. 

Лимани го посочи УНИЦЕФ како  доверлив партнер на владата во текот на реформскиот процес, обезбедувајќи застапување, визија, лидерство, долгорочна техничка експертиза и поддршка. 

„Министерството за социјална политика, демографија и млади препознава дека деинституционализацијата не е целосно завршена. Потребно е воспоставување систем за одобрување и следење на грижата за деца без родителска грижа, зајакнување на посвојувањето, затворање на малите групни домови и обезбедување насочени услуги за децата, кои тешко може да се сместат,“ рече Лимани.

Тој се осврна и на  предизвикот со високата стапка на сиромаштија – секое трето дете живее во сиромаштија, особено Ромите, децата со еден родител и семејствата со три или повеќе деца. Потоа, недостатокот на инфраструктура и кадар во предучилишното образование, кое е  пречка за постигнување на  целта на ЕУ, од 96% опфат на децата од 3 до 6 години.

„За да ги надминеме спомнатите предизвици, Владата на Северна Македонија со поддршка од ЕУ и УНИЦЕФ изработи Национален акциски план за правата на децата 2025-2029, кој е во завршна фаза на усвојување. Еден од приоритетите на Планот, е намалувањето на детската сиромаштија, вклучително и со воведување на Европската детска гаранција, како и зголемување од 15% на паричните додатоци наменети за децата,“ рече Лимани.

Тој посочи дека со поддршка на УНИЦЕФ се изработува анализа која ќе ги идентификува бариерите за најранливите деца и нивните семејства во пристапот до услугите во социјалната и детската заштита, здравство и образование, и ќе предложи како овие бариери да се надминат со воведување на Гаранцијата за деца. 

Дополнително, се предвидува формирање на Комисија за правата на детето, која ќе ги координира сите активности и политики, ќе ги следи обврските од Конвенцијата за правата на детето и ќе го подобри меѓусекторскиот пристап во обезбедувањето интегрирани услуги за деца.

На крај, министерот изрази искрена благодарност до Владата на република Албанија за иницијативата за свикување на оваа конференција и за предложената зајакната регионална соработка во унапредување на грижата за децата. Благодарност упати и до ЕУ и УНИЦЕФ од кои изрази очекување за континуирана поддршка во развивањето на националниот план за ЕУ гаранцијата за деца, пилотирањето на нови услуги за социјална поддршка и грижа.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }