Објавено на: 29.04.2025

Јавен повик за пријавување на Национална младинска летна школа за социјална инклузија 

Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) објавува повик за учество на Национална младинска летна школа за социјална инклузија. 

Повикот е наменет за млади од Северна Македонија кои се на возраст од 16 до 22 години.

Националната младинска летна школа ќе се одржи од 16-ти до 20-ти јуни во Маврово во Grand Chamois Hotel. Приближно 40 млади луѓе ќе имаат можност да се вклучат во младинската летна школа која што претставува платформа за зајакнување на младите како агенти за промени. Учесниците, преку интерактивни методи на работа ќе имаат можност да се запознаат и дружат со врсници од целата земја и да се стекнат со нови вештини поврзани со личен развој, интерперсонални односи и тимска работа.

Летната школа ќе се заснова на пристапот „Спорт за развој“, користејќи го спортот како педагошка алатка за промовирање на младинската едукација, инклузија и личен развој на учесниците. 

Работни јазици на летната школа се македонскиот и албанскиот. 

Превозот, сместувањето и оброците за учесници се целосно покриени од организаторите.  

Министерството за социјална политика, демографија и млади ги охрабрува сите заинтересирани млади луѓе на возраст од 16 – 22 години да се пријават за учество на летната младинска школа со пополнување на формуларот

Јавниот повик за пријавување на учесници ќе трае од 29.04.2025 година до 12.05.2025 година.  

Пополнетите пријави треба да се достават по електронски пат на e-маил адресата arta.sulejmani@mtsp.gov.mk или  лично во хартиена форма до архивата на Министерството за социјална политика, демографија и млади (адреса: ул. Даме Груев, број 14, 1000 Скопје) со назнака: СЕКТОР МЛАДИ. 

За дополнителни информации можете да се обратите на e-маил адресата puleksenija.jovanoska@mtsp.gov.mk.

Селекцијата на учесници ќе се основа на апликацијата и изразената мотивација. Притоа ќе се применуваат и следат начелата на различност, еднаквост и недискриминација. 

Оваа активност е во согласност со Националната стратегија за млади 2023-2027 и Акцискиот план 2023-25 (мерка 4.5.5.1.) кои се дел од планираните активности од страна на МСПДМ. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }